Премиерот Груевски ја посети црквата „Св.Димитрија“ во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (3 мај 2013 година) по повод одбележувањето на православниот празник Распетие Христово Велики Петок, со своето семејство ја посети црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Согласно православните канони и обичаи, премиерот Груевски со своето семејство, помина под светото платно Плаштаница.


Истовремено информираме дека премиерот Груевски и неговото семејство за време на дочекот на најголемиот празник Воскресение Христово Велигден, со својата сопруга ќе престојува во Кичево каде со останатите православни верници ќе присуствува на Светата литургија, која ќе се организира во кичевскиот православен храм „Св. Петар и Павле“.


За време на првиот ден од Велигден, во недела (5 мај 2013 година) премиерот Груевски со своето семејство ќе престојува во Охрид на утринската литургија во црквата „Св. Богородица“ Каменско, а потоа ќе присуствува во Струга при што ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“.


Во понеделник (6 мај 2013 година), за време на вториот ден од Велигден, Премиерот ќе присуствува на поставување камен темелник на нова црква во Вевчани.