Отворено модернизираното стрелиште во полицискиот комплекс „Ѓорче Петров“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс и советникот за надворешна политика во Европската команда на армијата на САД, Лоренс Батлер денеска го отворија целосно реконструираниот и модернизиран нов објект на наменското стрелиште за лесно оружје во полицискиот комплекс „Ѓорче Петров“ во Скопје.
Со овој проект, во вредност од 340 илјади американски долари, обезбедени од Европската команда на американската армија македонската полиција добива нов технички стандардизиран и опремен објект, во кој има три стрелишта. Стрелиште за кавлификации со должина од 25 метри и ширина од 34 метри, тактичко стрелиште со должина од 35 метри и ширина од 30 метри и стрелиште за пушка во должина од 120 метри и ширина од 50 метри.
Стрелиштата се опремени со соодветни наменски мети кои автоматски се управувани преку модередн систем за контрола од две контролни кули. Објектот е целосно опремен и со аудио-видео систем за заштита при користење, како и комплетен систем за осветлување, простории за магацин, за сервис на оружјето...
Министерката Јанкулоска нагласи дека добиваме современ стрелачки комплекс кој ќе биде во функција на професионалната обука и тренинг на полициските службеници.
- Овој објект е практичен доказ за интензивната меѓусебна соработка на полето на националната безбедност не само како меѓусебна обврска, туку и како израз на искреното пријателство и долгорочно стратечко партнерство етаблирано во билатералните односи меѓу двете земји во изминатите години на македонската самостојност, рече Јанкулоска.
Ова е чин, потенцира Јанкулоска, сам по себе не говори за нашата решеност да продолжиме со натамошно инфраструктурно и техничко надградување на професионалните потенцијали и способности на припадниците на македонската полиција, туку, истакна, повеќе чин кој по кој знае кој пат, како и сите години наназад конкретно ја демонстрира националната поддршка што македонското МВР, институциите односно макеоднското општество ја има од нашите пријатели од САД.
- Со еден збор поддршка што силно го мотивира и забрзува нашето чекорење кон полноправно членство во евроатлантските асоцијации, изјави минситерката за внатрешни работи.
Амбасадорот Волерс потсети дека во јуни 2011 година Центарот за борба против трговија со дрога на Европската команда на војската на САД го одбра ова стрелиште за реконструкција.
- Стрелиштето ќе им овозможи на сите агенции за спроведување на законот во Република Македонија да спроведуваат тактички вежби во модерни услови. Промовирањето на владеењето на правото е еден од нашите најважни заеднички приоритети и се надеваме дека реновираното стрелиште ќе биде корисно за унапредување на одлуките и ефикасноста во извршвуањето на должностите од областа на спроведување на законот, рече меѓу другото Волерс.
Министерката Јанкулоска и амбасадорот Волерс потпишаа и Меморандум за соработка меѓу МВР и Владата на САД за кристење на стрелиштето за лесно оружје, кое ќе може да се користи за заеднички вежбовни цели, но и конкретни заеднички програми за обука со цел да се зајакнат капацитетите на специјалните единици и другите припадници на МВР.