Груевски на потпишување на Националната стратегија на македонското малцинство во Србија
Премиерот Никола Груевски попладнево во Македонската амбасада во Белград присуствуваше на потпишувањето на Националната стратегија на македонското малцинство во Србија, во која се наведени насоки на политичкото и културното дејствување на Македонците во Србија во наредните 10 години.
Стратегијата ја потпишаа претседателите на трите столба на Македонците во Србија - државниот Македонски национален совет, Демократската партија на Македонците во Србија и невладиниот Сојуз на македонските асоцијации, Борче Величковски, Миле Спировски и Стево Србиновски.