Спасов на средба со катарскиот в.д. амбасадор

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на средба со в.д. амбасадорот на Катар во Македонија Мохамед Рашид Х. Субах разговарал за Договорот за регулирање на вработувањето работна сила во Катар, склучен помеѓу владите на двете земји и  ратификуван од нивните парламенти.

- Министерот Спасов потенцираше дека е потребно да се продолжи интензивната соработката која е воспоставена од порано, како и продлабочување и зајакнување на пријателството меѓу двете земји, соопшти Министерството за труд и социјална политика.