Дневен ред на 29-та седница на Владата
С О О П Ш Т Е Н И Е
Владата на Република Македонија денеска ја одржува својата 29 редовна седница на чиј дневен ред се 116 точки.
Покрај редовните точки за процесите на европска интеграција, реформите во јавната администрација, реформите за подобрување на состојбите во здравството и образованието, на дневен ред се повеќе точки од сферата на економијата, градежништвото и туризмот.
На денешната седница Владата ќе расправа околу предлозите за измени во Законот за домување и Законот за готовински плаќања, потоа за неколку предлог одлуки за трансфер на надлежностите во делот на располагање со градежното земјиште на општините, како и за информацијата за можноста за укинување на одлуката за заштита на пазарот на брашно преку врзување на увозот на брашно со откуп на пченица произведена во Република Македонија.
Владата ќе расправа и за информацијата со предлог мерки за поттикнување на женско претприемништво за 2012 година, а во однос на туризмот ќе се разгледуваат информациите за можноста за субвенционирање на 10 општини за изработка на стратегии за развој на еко и алтернативен туризам, како и информација со предлог мерки на активности и акционен план за мапирање на туристичките знаменитости и одбележување на сообраќајниците.