Премиерот Груевски номиниран за наградата на Виенскиот економски форум

Премиерот Никола Груевски е номиниран за престижната награда на Виенскиот економски форум која се доделува за придонес кон економскиот развој на национално и регионално ниво во земјите членки на Виенскиот економски форум.

Наградата ќе биде врачена денеска во рамки на 8. Виенски економски форум, на кој премиерот Груевски попладнево ќе има обраќање.