Премиерот Груевски добитник на престижна награда на Виенскиот економски форум
Премиерот Никола Груевски ја доби престижната награда за придонес кон економскиот развој на национално и регионално ниво на земјите членки на Виенскиот економски форум.
Наградата која се доделува на личности кои дале придоес за економска промоција на својата земја и на рeгионот преку успешно спроведени политики што ги одразуваат целите на Виенскиот економски форум, на премиерот Груевски му беше врачена вечерва во рамки на 8. Виенски економски форум на кој тој имаше и обраќање во завршната сесија.
Како што јави известувачот на МИА од Виена, Груевски посочил дека како врвен приориет на Репубика Македонија на политички и економски план останува визијата за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатланско семејство, што ќе се постигне со членството во ЕУ и НАТО, што претставува голема придобивка за севкупниот просперитет на целиот регион и пошироко.
Пред присутните истакна дека владата е целосно посветена на зацртаните програмски активности со цел побрз економски развој на нашата земја. Посочувајќи на податокот дека од најголемиот дел од размената со странство 60 отсто е со земјите од ЕУ и 28 со земјите од Западен Балкан. Тоа покажува, рече тој, оти европскиот и региналниот балкански пазар се едни од најзначајните пазари во надворешно-трговската размена на земјата.
- Република Македонија во делот на макроекономските индикатори има стабилна макроекономска политика при што значително е зајакната финансиската регулатива. Една од важните макроекономски придобивки е ниската стапка на инфлација која во последната деценија во просек изнесуваше 2 отсто. Таа беше остварена благодарение на дисциплининарните макроекономски политики и одржувањето на фиксниот девизен курс на денарот со еврото. Дополнително, Република Македонија има избалансирани јавни финансии со низок буџетски дефицит и низок јавен долг кој изнесува приближно 25 отсто од БДП. Во првата половина од 20111 година Македонија оствари просечен раст на БДП од 5,2 отсто, рече премиерот Груевски.
Тој додаде дека Македонија продолжува да биде земја со најлесна, најевтина и најбрза постапка за регистрирање, како и тоа дека се воведени ниски и рамни даноци од 10 отсто, дека етапно се намалуваат социјалните придонеси, се поедноставува бизнис регулативата.
- Порастот на БДП и странските директни инвестиции се резултат и потврда на сеопфатните реформи за подобрување на вкупната бизнис клима, рече премиерот и додаде дека врз основа на подобрената бизнис клима и активностите за промоција на Македонија како бизнис дестинација успеавме да привлечеме познати странски компании во ТИРЗ.
Во рамки на посетата на Австрија, премиерот Груевски вечерва ќе има средби во Федерацијата на австриската индустрија, а утре заедно со владната делегација ќе ги претстават можностите за инвестирање на Македонско-австрискиот бизнис форум. Најавена е и средба со претседателот на Стопанската комора на Австрија Кристоф Лајтл.
Владината делегација во Виена имаше повеќе средби со претставници на јапонски, американски и германски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија.