Груевски: Oткупот и продажбата на земјоделски производи зголемени за 63,6 отсто
Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека зголемениот обем на откуп и продажба на земјоделски производи покажува оти вложувањето во земјоделството дава резултати.
- Oткупот и продажбата на земјоделски производи во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 63,6 отсто, само кај индивидуалните производители зголемувањето е 143 отсто, рече Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар.
Земјоделците, како што рече, инвестираат во поголемо и поквалитетно производство што, пак, им овозможува од остварениот профит да вложуваат во механизација, нови површини и сите други активности кои придонесуваат за зголемување на производството.