Груевски: Во Штип и Источна Македонија се вложува и ќе се вложува

Премиерот Никола Груевски денеска во Штип одговарајќи на новинарско прашање дали најавените инвестиции за Штип и источниот дел на Македонија значат надминување на епитетот „еден од најнеразвиените региони“, истакна дека тие се во фокусот на вниманието на оваа Влада од 2006 годинас па се до денес.

- Ние гледаме дека овој крај има крупен потенцијал и потребна му е помош од државните институции и од Буџетот. Овој регион има капацитет да се развива и неисклучено е дека веднаш по скопската ја направивме и штипската ТИРЗ. Исто така, не случајна е и изградбата на карго-аеродромот, договор кој е склучен со ТАВ, и треба да се изгради во 2020 година. И не случајно е дека и тука одлучивме да го градиме и автопатот Скопје – Миладиновци – Свети Николе – Штип. Ние за Штип веќе не разговараме како за град којшто е помалку развиен, велиме дека тој е центар на Источна Македонија во којшто се вложува и ќе се вложува, рече Груевски.

Премиерот Груевски најави дека новиот автопат Штип – Миладиновци ќе се вика „Гоце Делчев“.