Компании од Централна и Источна Европа на Бизнис форум во Скопје
Денеска, (петок, 6 декември 2013 година) во организација на Кабинетот на министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа (EuCham CEE) предводена од претседателот, г-дин Микеле Орзан ќе се одржи Бизнис форум.
Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, во рамките на форумот, ќе ги претстави инвестициските можности пред повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа. На настанот ќе се обратат и г-дин Владимир Пешевски, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и г-дин Виктор Мизо, директор на Дирекција за технолошко – индустриски развојни зони.
Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа е независна, невладина и приватно организирана институција со седиште во Будимпешта, Унгарија и ги претставува интересите на националните и интернационалните компании во Европа, со цел создавање нови бизнис можности.
Настанот ќе се одржи на Скопски саем (сала „Дипломатик“).
Почетокот е предвиден за 10:00 часот.
Покануваме фоторепортери и сниматели да го одбележат почетокот на настанот.
Потоа, во 12:00 часот следуваат изјави за медиумите.