Методиј Хаџи-Васков, советник на извршниот директор во ММФ

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ве информираме дека д-р Методиј Хаџи-Васков е именуван за советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), во Вашингтон, САД.

Новоименуваната функција опфаќа советување за економски политики на извршниот директор на Холандската конституенца при ММФ, која во својот состав опфаќа 13 земји.

Д-р Методиј Хаџи-Васков, досега беше советник за економски прашања на претседателот на Владата на Република Македонија. Претходно, во периодот од 2008 до 2011 година ја извршуваше функцијата заменик министер за економија. Хаџи-Васков работел како истражувач и доцент по меѓународна економија и финансии на Универзитетот Утрехт во Холандија.  Дипломирал и магистрирал на економски науки на Универзитетот Мастрихт во Холандија, а докторирал на Универзитетот Утрехт во Холандија.