Јанкулоска ги посети полицајците кои се обучуваат за имплементација на Закон за кривична постапка

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука за практичната имплементација на новиот Закон за кривична постапка во Центарот за обуки на МВР.

Обуката се изведува на неколку нивоа почнувајќи од највисоко ниво од страна на раководните луѓе во обвинителствата, судовите, Академијата за судии, како и од страна на самиот Центар за обуки на МВР. Станува збор за еден од најобемните проекти на Министерството, при што ќе бидат обучени над 7.500 полициски службеници.

Проектот е дел од зацртаните обврски што ги има Република Македонија мониторирани од Европската унија, и се предвидува целосно да биде завршено до мај идната година.