Во Прилеп промовиран проектот за изградба на канализациска мрежа и пречистителна станица
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, министерот за животна средина Нурхан Изаири, шефот на мисијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав, денеска во Приклеп присуствуваа на промоцијата на големиот проект од заштитата на животната средина финансиран од ИПА фондовите и од државата.
Проектот опфаќа обнова на 65 километри од канализацската мрежа во градот, за чија изградба се вложуваат 16 милиони евра и уште 10 милиони евра за
изградбата на пречистителна станица што ќе ги третира отпадните води, а ќе се гради на периферијата на Прилеп.
Според Ставревски ова е капитален проект и прв во Макеоднија што се гради од ИПА фоиндовите за заштита на животната средина.
- Вкупната вредност на проектот покажува дека остануваме посветени на реализација на проектите кои ги ветивме на граѓаните, а тоа е изградба на канализациска мрежа и на пречистителна станица со што ќе се прочистуваат воидите и ќе имаат правилен третман на отпадните води со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на општина Прилеп, рече Ставрески.
Според министерот за животна средина Нурхан Изаири, овој прокт ќе ја заштити почвата и целата околина во овој дел на Пелагонија.
- Заштитата на почвата и водите е многу битно за целиот регион, вели Нурхан Изаири.
Евроамбасадорот Орав истакна дека во приоритетите на ЕУ е заштитата на животната средина и подобрување на животот на населението. За овој вид проекти, Унијата ја поддржува целосно Македонија .
- Овој проект што се финансира од претпристапните ИПА фондови, во перспектива ќе придонесе кон решавање на долгогодишните проблеми на локалното население во поглед на заштита на здравјето, но и на правилниот третман на отпадните води, вели Орав.
За градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, градот доби променета канализациска мрежа во 95 отсто, а се урбанизираат и 70 улици. Бенефитот е и за земјоделците.
- Голем бенефит ќе имаат и самите земјоделци во Прилепско поле кои ги наводнуваат своите земјоделски производи од градската река и ќе бидат по највисоки еколошки стандарди за сите пазари во Европа и светот, вели Ристески.
Од ЈКП „Водовод и канализација„ кое стопанисува со проектот информираат дека изградбата на канализациската мрежа од првата фаза во должина од 23 километри треба да заврши в година, а до 2017 ќе биде готова и втората фаза скоја ќе се опфата 42 километри од мрежата. Паралелно со тоа на периферијата од градот ќе се гради и пречистителната станица, која треба да заврши во 2017 година.
Градоначалникот Ристески со гостите беше во обиколка на градежните зафати на улиците во населбата Тризла за промената на канализациската мрежа.