Oд седницата на Економскиот совет

Денеска во Владата на Република Македонија се одржа редовна седница на Економскиот совет со која претседаваше премиерот Никола Груевски.

На седницата беа разгледувани тековните макроекономски движења, како и информации за повеќе тековни проекти и активности од економската сфера. 

Економскиот совет ја разгледуваше информацијата за модели и примери од други земји и меѓународни финансиски институции на државна поддршка на нови бизниси и мали и средни компании, при што беше заклучено анализата да се прошири на повеќе земји и да се направи компарација со постојните практики на државна поддршка во Република Македонија, а потоа да се видат можностите за инкорпорирање на нови мерки во домашниот систем за поддршка на нови бизниси и мали и средни компании.

На седницата, исто така, се разгледуваше и информација за натамошното постапување по однос на воспоставување на систем за интегрирано регионално управување со отпадот во Пелагонискиот, Југозападниот и Вардарскиот регион.