Честитка од премиерот Груевски по повод еврејскиот празник Ханука
До: Претседателот на Еврејската заедница
во Република Македонија
Г-ѓа Берта Романо-Николиќ,
До: Членовите и припадниците на Еврејската заедница
во Република Македонија
Почитуванa Г-ѓо Романо-Николиќ,
Имам чест и задоволство, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот Еврејски празник ХАНУКА.
Еврејската заедница е почитуван сегмент од нашето општество и со нејзиното дејствување придонесува во заедничките вредности кои не сплотуваат, и се нашата заедничка уникатност и предност. Заедно почитувајќи се ние оставаме и трајна вредност на генерациите кои доаѓаат.
Празнувањето на овој важен ден на Вашата заедница е симбол и потсетник на човековата истрајност и нескршливоста на духот на една заедница. Важноста на секој човечки живот е непроценлива, а сеќавањето на секој загубен живот е безвременско. Од тука, да се почитува човековиот живот и правото на другиот да опстојува, да живее, да твори и напредува во мир и слобода, претставува еден од најважните човекови принципи. Токму затоа, овој празник, нека бидe вечен потсетник за сите народи во светот за значењето и важноста на слободата во животот на човекот.
Ви посакувам среќни празнични денови и Ве поздравувам со традиционалниот поздрав, ХАНУАКАХ САМЕАХ.
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ