116-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
22.01.2019 - 13:30
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1

Информација за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија“

2

Годишна програма за работење на Агенција за планирање на просторот во 2019 година, со Предлог-одлука

3

Информација за финансиската состојба на Трговското друштво Нафтовод ДООЕЛ Скопје со барање на финансиски средства за 2019 година и предлог-одлуки.

4

Информација со предлог за донесување на Одлука за давање согласност за Ценовник на главни шумски производи на ЈП „Македонски шуми„ п.о Скопје, со Предлог - одлука

5

Предлог-одлука за давање на трајно користење, без надоместок, недвижни ствари на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје и Предлог-одлука за давање на трајно користење, без надоместок, недвижни ствари на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје, со Известување од Државно правобранителство на Република Македонија

6

Бизнис план за 2019 година, Инвестициона програма за 2019, 2020 и 2021 година, Финансиска програма за 2019 година и тригодишен план за период од 2019-2021 година на Македонски железници Транспорт АД - Скопје, со Предлог-одлуки

7

Предлог-уредба за посебните услови, начин и постапка на утврдување на здравствената способност на персоналот во воздухопловството, роковите на важење на лекарските уверенија и посебните услови што треба да ги исполнуваат здравствените установи и овлестен лекар - поединец за вршење на здравствени прегледи на персоналот во воздухопловството

8

Програма за работа и Финансиски план на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија за 2019 година, со Предлог-одлука

9

Информација за Општ план за управување со кризи од област на безбедност на храната и храната за животни за период 2019-2024 година

10

Информација за преземање иницијатива и напредок во процесот на усогласување на текст на Договор за научна и техничка соработка помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Државната администрација за ветеринарство и храна на Република Словачка од областа на безбедност на храната и ветеринарното јавно здравство

11

Предлог - програма за работа на Институт за акредитација на Република Македонија за 2019 година, со Финансиски план

12

Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во катастарот на недвижностите.ДП.Бр.03-746/18

13

Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во катастарот на недвижностите.ДП.Бр.03-698/18

14

Информација за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општини, со предлог-одлуки

15

Информација за реализација на повеќе годишна јавна набавка на основни, дополнителни и останати мобилни комуникациски услуги во одбран тарифен модел и набавка на мобилни телефонски апарати и опрема со одобрување на посебни попусти за потребите на Управата за заштита на културното наследство - Скопје

16

Предлог-одлука за престанување на важењето на Одлуката за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица

17

Информација за давање на Согласност за долготраен закуп за градежно земјиште во сопственост на РМ за МХЕ Падалишка со реф. бр.14, со Предлог-одлука

18

Информација за Програмата на Економски Реформи 2019-2021 година, со текст на Програмата

19

Предлог-програма за намалување на аерозагадувањето за 2019 година

20

Предлог-годишна програма за заштита на природата за 2019 година

21

Информација во врска со одлуките за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи на локацијата со референтен број 352 на река Зрновска и на локацијата со референтен број 9 на река Јадовска, со Предлог - одлуки

22

Информација за поддршка на иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје

23

Информација со Предлог-одлука за давање на трајно користење на пречистителната станица за третман на отпадни води во општина Прилеп

24

Годишен извештај за работењето на Агенцијата за планирање на просторот во 2017 година

25

Информација за трансфер на прибраните средства во Компензациониот фонд Фаре во Буџетот на Република Македонија

26

Информација за престанок и давање на трајно користење на движни ствари од Министерството за финансии на ЈП Македонски железници Инфраструктура - Скопје, како институција корисник на проект финансиран од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со Предлог-одлука

27

Информација во врска со Оперативниот буџет на ТАВ Македонија за 2019 година

28

Информација со Предлог-одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија за општина Ѓорче Петров

29

Информација со Предлог-одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија за општина Зрновци

30

Информација во врска со извршената евалуација по Jавен повик за доделување на концесија за експлоатација на минералнa суровинa - глина на локалитетот “Прогун”, општина Неготино по Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесиja за експлоатација на минерална суровина - глина на локалитетот “Прогун”, општина Неготино бр.44-5467/1 од 24.07.2018 година (“Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2018) со Предлог-одлука

31

Информација во врска со барањето за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - молибден, бакар, злато и сребро на локалитетот “Петрошница” општина Старо Нагоричане на Друштвото за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со Предлог-одлука

32

Информација во врска со постапката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања на минерална суровина - варовник на локалитетот “Краста“ с.Бешиште општина Прилеп, со Предлог-одлуки

33

Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Црешово топче - Пробиштип, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект

34

Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Хавана - Неготино, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект

35

Информација за исполнување на бaрањата за извоз на меркантилен и семенски компир од Република Македонија на пазарите во Европската Унија

36

Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбаниситичка планска документација за изградба на објекти со намена Г4-стоваришта КО Кучевиште, општина Чучер Сандево, со Предлог-одлука

37

Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за измена и дополна на Проект за инфраструктура за локален пат КО Глуво Бразда, општина Чучер Сандево, со Предлог-одлука

38

Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Државна урбанистичко планска документација за изградба на бензинска пумпна станица со услужен центар на магистрален пат А1(М1-Е75) КО Табановце, општина Куманово, со Предлог-одлука

39

Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Мојсов Данило ул.Црниче бр.23 Скопје, со Предлог-одлука

40

Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Спасовски Ненад ул.Страшко Симонов бр. 58, Куманово со Предлог-одлука

41

Информација за потребата од усвојување на Индивидуалниот реформски акционен план (ИРАП) на ниво на националната држава до цел спроведување на Регионалната инвестициска реформска Агенда

42

Информација од Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори поради потребата од именување на арбитер и за доставување на одговор пред Меѓународниот арбитражен суд при Меѓународната трговска комора во Париз во предметот заведен под број 24112/ГР на ЕЛ.ПЕТ. БАЛКАНИКИ, СОСИЕТЕ АНОНИМ ПЕТРОЛЕУМ како тужител против Република Македонија како тужена

43

Информација во врска со номинација на Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција, со Предлог - одлука за дополнување на Одлуката за образување Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија

44

Информација за резултатите од одржаниот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан 2018, со предлог- одлуки за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари

45

Предлог-програма за изградба и реконструкција на основни училишта за 2019 година

46

Предлог-програма за изградба и реконструкција на средни училишта за 2019 година

47

Информација со Предлог - одлука за давање согласност за продажба на недвижни ствари во сопственост на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ - Прилеп

48

Информација за интервентно згрижување на бездомни лица затекнати на локација под Кале во објекти на установи за социјална заштита

49

Предлог-одлука за пренесување во сопственост на недвижна ствар на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје

50

Предлог-одлука за давање на согласност за пренос на удел во Друштвото за производство, услуги и трговија увоз-извоз ВЛАМАР ДООЕЛ Кичево

51

Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Казнено-поправна установа Затвор Битола (Управа за извршување на санкции)

52

Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Казнено-поправна установа Затвор Скопје (Управа за извршување на санкции)

53

Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на казнено-поправна установа Казнено-поправен дом Идризово 44-11683/1 (Управа за извршување на санкции)

54

Предлог-одлуки за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Казнено-поправна установа Казнено-поправен дом Идризово 44-11656/1 (Управа за извршување на санкции)

55

Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Казнено-поправна установа Воспитно-поправен дом Тетово (Управа за извршување на санкции)

56

Предлог-одлука за изменување на Одлуката за отворање на Почесен конзулат на Република Македонија во Република Косово, со седиште во Грачаница

57

Предлог-решение за изменување на Решението за именување на почесен конзул на Република Македонија во Република Косово, со седиште во Грачаница

58

Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за правда - Управа за извршување на санкциите

59

Предлог-oдлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Казнено поправна установа-Казнено поправен дом Идризово

60

Предлог-oдлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Институт за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје

61

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија,по скратена постапка

62

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, по скратена постапка

63

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации, по скратена постапка

64

Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година

65

Иницијатива поднесена од претседателот на Комисијата за следење на постапките во врска со процесот за денационализација и генерален секретар на Владата на РМ, д-р Драги Рашковски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.128/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 61 став 1 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 44/2007, 72/2010, 55/2013, 33/2015 и 104/2015)

66

Иницијатива поднесена од претседателот на Комисијата за следење на постапките во врска со процесот за денационализација и генерален секретар на Владата на РМ, д-р Драги Рашковски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.129/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 11 став 2 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/1998, 18/1999, 31/2000, 42/2003, 64/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 8/2011, 55/2013, 33/2015 и 104/2015)

67

Иницијатива поднесена од Александар Ташковски од Битола, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.111/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот на финансирањето на организацијата на научните собири и учество на домашните научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2013)

68

Статут на Првиот приватен универзитет - ФОН (Прв приватен Универзитет -Фон)

69

Статут на Меѓународниот Универзитет во Струга и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на МУС

70

Кадровски прашања /116/

71

Прашања и предлози /116/

72

Финансов план на ЈП Македонијапат - Скопје за 2019 година

73

Акциски план за имплементација на дадените препораки од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (со дефинирани рокови и носители за имплементација)

74

Информација во врска со рефинансирање на кредитите на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје

75

Информација во однос на потребите од деловен простор за Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост

76

Информацијата со Анализа на рангот на Република Македонија кај индикаторот "Услови за прекугранично тргување" со предлог мерки за подобрување на состојбите согласно препораките на Извештајот Doing Business 2018год, на Светска Банка

77

Информација за почеток на откуп на тутун од реколтата 2018 година и почеток на производство на премиум брендот на Fhilip International Management SA-Marlboro

78

Информација во врска со статусот на реализација на мерките и активностите опфатени со Акциски план за подобрување на рангот кај Индикаторот плаќање даноци „Duing Busines 2018“ на Светска банка

79

Информација со Акциски план со точно дефинирани активности, рокови и носители за имплементација на дадените препораки од Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година, во функција на надминување на утврдените состојби

80

Информација за можностите за поедноставување на постапката за издавање на пасоши преку дипломатско - конзуларните претставништва на Република Македонија, отстранување на техничките проблеми со мобилните станици и можност за воведување на нови базни станици

81

Предлог-уредба за престанување на важењето на Уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија

82

Информација за потребата од формирање на Работна група за градење отпорност од хибридни закани и ризици со Предлог одлука и Предлог-решение

83

Извештај за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Литванија за меѓународен патен сообраќај, со усогласен текст на Спогодбата на македонски, литвански и англиски јазик

84

Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавните службеници во установите од областа на социјалната заштита за 2019 година

85

Информација за потребата од пренамена на вакцини против сезонски грип

86

Предлог-решение за именување на претседател, заменик на претседател, членови и нивни заменици на Национален совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност