47-ма седница на Владата
Седницата се одржа на:
28.04.2020 - 13:30
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (485.08 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
1 | Записник од Триесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 27 април 2020 година |
2 | Информација за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од Коронавирусот COVID-19 (Список бр.3) |
3 | Информација за усвојување на Годишната сметка, Годишниот извештај и Финансискиот извештај за работа на Трговско друштво “Нафтовод” ДООЕЛ Скопје за 2018 година, со Предлог - одлуки |
4 | Информација со Предлог - одлуки за усвојување на Годишната сметка, Годишниот извештај за работа и Финансиски извештај на Друштвото за производство, промет и услуги ПРЕПОРОД ДООЕЛ СКОПЈЕ за 2019 година |
5 | Годишен извештај за работата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти за 2019 година, со Предлог - одлука |
6 | Предлог - уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено - економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година |
7 | Предлог - уредба со законска сила за примена на Законот за угостителската дејност за време на вонредна состојба |
8 | Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини |
9 | Предлог - уредба со законска сила за примена на Законот за енергетика* за време на вонредна состојба |
10 | Предлог - уредба за изменување дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година |
11 | Предлог - програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година |
12 | Предлог - програма за изменување на Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година |
13 | Информација во врска со комуналниот отпад кој поради оправдани техничко-технолошки и економски причини не може да биде отстранет на постоечката локација во општина Кичево (градска депонија „Зајашка река“) |
14 | Информацијата за пренамена на средства од Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка во насока на кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година |
15 | Предлог - лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб на Друштвото за приредување игри на среќа „КАЗЗИНО МОЗЗАРТ“ ДОО Скопје за деловната просторија на ул.„Димитрие Чуповски“ бр.1Б, Центар, Скопје |
16 | Предлог - лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб на Друштвото за трговија и услуги „КИНГ ЕУРОПЕ“ ДОО увоз-извоз Гевгелија за деловната просторија на ул.„Маршал Тито“ бр.1, Стар Дојран |
17 | Предлог - програма за изменување на Програма за изградба и реконструкција на основни училишта за 2020 година |
18 | Предлог - програма за изменување на Програма за изградба и реконструкција на средни училишта за 2020 година |
19 | Извештај за реализирани активности на стратешките приоритети од Националната стратегија за млади (2016-2025) за 2019 година |
20 | Записник од Триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 25 април 2020 година |
21 | Записник од Триесет и седмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 28 април 2020 година |
22 | Ценовник за изменување и дополнување на Ценовникот за отстрел на дивеч користење на дивечот и неговите делови и услуги во ловиштата на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје ЈАСЕН-Скопје, со Предлог- одлука за давање согласност |
23 | Ценовник за изменување и дополнување на Ценовникот за огревно и техничко дрво и други шумски производи и услуги во Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје ЈАСЕН-Скопје, со Предлог- одлука за давање согласност |
24 | Предлог-одлука за давање на трајно користење, недвижни ствари на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје (КО Гевгелија) |
25 | Предлог - одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината и Предлог - одлука за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за инженеринг, енергија, гас, трговија, монтажа и услуги АЛКА ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје |
26 | Информација за усвојување на препораки од Eвропската служба за надворешно дејствување во врска со одговорите на ЕУ Прегледот за хибридни закани и ризици за Република Северна Македонијa |
27 | Годишен извештај за примената на Законот за бесплатна правна помош за 2019 година |
28 | Информација за напредокот со институционализација на националните здравствени сметки за 2017 година |
29 | Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Националната установа Албански театар за деца и млади - Скопје |
30 | Информација доставена од Народен правобранител на Република Северна Македонија во врска со формиран предмет, под НП бр.3130/19 по поднесени претставки од страна на Џеврије Хатеми и Везире Шабановска од Скопје |
31 | Понуда од нотар Станка Горичан од Охрид за продажба на идеален дел КП бр.14567 м.в Град, култура-гиз во површина од 119 м2, КП бр.14567, м.в Град култура-зпз 1, во површина од 82 м2 и КП бр.14567, мв Град култура зпз 2 во површина од 46 м2 запишани во Имотен лист бр.101347 за КО Охрид 3 |
32 | Понуда од нотар Арбана Дестани-Адеми од Куманово за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.643 за КО Шупли камен на КП бр.2103 |
33 | Извештај за работата на Информативното тело формирано согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Информативно тело за олеснување на трговијата на Владата на Република Северна Македонија за Светската трговска организација (Царинска управа) |
34 | Акциски план со точно дефинирани активности, рокови и носители за имплементација на дадените препораки од Конечниот извештај на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со Ревизијата на усогласеност за 2018 година, во функција на надминување на утврдените состојби |
35 | Извештај за работа на Агенција за остварување на правата на заедниците за 2019 година |
36 | Годишен извештај за оценувањето на административните службеници во Република Северна Македонија за 2019 година |
37 | Информација за работењето на Економско-социјалниот совет во 2019 година |
38 | Извештај за работата на Советот за македонски јазик (јануари – декември 2019 година) |
39 | Информација за преземени активности во врска со реализацијата на активностите од Стратегијата за Роми 2014-2020, односно националните акциски планови за периодот Јули - Септември 2019 година |
40 | Информација за преземените активности во врска со реализацијата на активностите од Стратегијата за Роми 2014-2020, односно националните акциски планови за периодот Октомври-Декември 2019 година |
41 | Информација за набавка и инсталација на опрема за европски систем за контрола на возовите ETCS по должината на Коридорот 10 и набавка и инсталација на опрема за глобален систем за мобилна комуникација во железницата GSMR по должина на Коридорот 10, за период до 31.03.2020 |
42 | Извештај за реализација на Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи за 2019 година |
43 | Информација за подготовка на Шеснаесеттиот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи на 12.05.2020 година во Скопје |
44 | Информација за потребата за обезбедување на финансиски средства во буџетите на јавните здравствени установи преку Фондот за здравствено осигурување на РСМ за задолжителна платена пракса на Докоторите по општа медицина во Здравствените Домови и општите болници со проширена дејност во Републиката, како и за ангажирање на патронажни сестри во Здравствените домови во Република Северна Македонија |
45 | Информација за потребата од пренамена на преостанатите средства од Програмата за заштита на животната средина по долината на реката Радика |
46 | Информација за преземање на потребни дејствија за мобилната апликација StopKorona! |
47 | Информација за исплата на парични права од социјална заштита за април 2020 година |
48 | Информација за донесување на Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта |
49 | Информација за донесување на Одлука за предавање на недвижност во владение на Јаното претпријјатие за државни патишта |
50 | Информација за проширување на функционалноста на Владиниот контакт центар и во други институции - за компаниите и граѓаните во врска со информации за економските мерки и другите поврзани мерки за Ковид 19 |