202-ра седница на Владата
Седницата се одржа на:
24.11.2023 - 10:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (461.29 KB)
Точки на дневниот ред:
Точка | Наслов |
1 | Предлог - уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година |
2 | Предлог - програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година |
3 | Предлог - Одлука за одобрување средства од Резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година |
4 | Информација за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner - 23“, со Предлог-одлука |
5 | Прашања и предлози |
6 | Информацијата за добивање на согласност и оценување на оправданоста на барањето за вработување на неопределено време, за што е надлежна Владата на РСМ, согласно член 20 став 3 и 4 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година |
7 | Информација за промена на динамика на плаќање при реализација на проектот: Изградба на фекална канализациона мрежа и главен колектор за н.м. Копаница, општина Сарај |
8 | Информација за промена на динамика на плаќање при реализација на проектот: Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“, општина Штип |
9 | Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска |
10 | Предлог-одлука за отворање на дипломатско-конзуларно претставништво на Република Литванија во Република Северна Македонија |
11 | Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска |
12 | Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини „Блаце Елез Хан“ и „Јажинце - Глобочица" |
13 | Предлог - одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на Република Северна Македонија во овој фонд |
14 | Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2024 и 2025 година за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco за пациентите со Цистична фиброза (ЦФ) во Република Северна Македонија за 2024 година |
15 | Информација за Ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2023 година |
16 | Иницијативи поднесени од Мирослав Драганов од Скопје, доставени до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.192/2023 и У.бр.193/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на Автентичното толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети, како и за оценување на уставноста на член 66 став 3 од Законот за буџетите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/2022) |