10-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
12.03.2024 - 12:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (570.36 KB)
Точки на дневниот ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија |
Пред точка | Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија |
Пред точка | Информација за одржан билатерален скрининг за Поглавје 12-Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика од Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија |
Пред точка | Информација за одржан билатерален скрининг за Поглавје 30 Надворешни односи од Кластер 6-Надворешни односи |
Пред точка | Информација за одржан билатерален скрининг за Поглавје 31 Надворешна безбедносна и одбранбена политика- Кластер 6 – Надворешни односи |
Пред точка | Информација за четирите (2+2) предлог патокази за забрзана интеграција во Европската Унија, во рамките на Планот за раст за Западен Балкан |
Пред точка | Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање |
Пред точка | Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи |
Пред точка | Статус на реализација на Рамковниот договор |
Пред точка | Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија |
Пред точка | Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2024 година – 30 јуни 2024 година |
Пред точка | Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион |
Пред точка | Агенда за дигитална трансформација |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција |
Пред точка | Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово |
1 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Државен инспекторат за шумарство и ловство |
2 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 22.02.2024-28.02.2024 година |
3 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 20.02.2024 до 26.02.2024 година |
4 | Кадровски прашања |
5 | Прашања и предлози |
6 | Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија (јуни до декември 2024 година) |
7 | Информација за потребата од донесување на измена на Годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2024 година со Предлог-план за изменување на Годишниот план за 2024 година |
8 | Информација за потребата на доделување на договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери со склучување на договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Република Италија |
9 | Предлог на закон за обновливи извори на енергија |
10 | Предлог-закон за енергетика |
11 | Информација за склучување на Договори со членовите на Одбор за разрешување на спорови - ДАБ за предлогот - изградба на автопатот Кичево - Охрид |
12 | Информација за донесување на 14 Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта |
13 | Информација за донесување на 13 Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта |
14 | Информација за донесување на 12та Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта |
15 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 27.02.2024 до 04.03.2024 година |
16 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за културата, по скратена постапка |
17 | Информација за доставување на Проект за основање високообразовна установа Факултет за технички науки, единица во состав при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, со Предлог-одлука |
18 | Предлог-одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово за 2024 година |
19 | Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиските програми од трет циклус на студии по „Германски јазик и литература“ на Факултет за јазици, култури и комуникација, при Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, со Предлог - решение за почеток со работа на студискaта програма од трет циклус на студии по „Германски јазик и литература“ на Факултет за јазици, култури и комуникација, при Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово |
20 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Царинската Управа на Република Северна Македонија |
21 | Информација за заедничка продажба од страна на Република Северна Македонија и Република Хрватска на недвижна ствар – објект со дворно место на поранешната Амбасада на СФРЈ во Брисел на адреса: Avenue Emile de Mot 11, 1050 Bruxelles кој им припадна на двете држави во заедничка сопственост во процесот на сукцесијата |