Две години Влада - Одговорно пред граѓаните

Пренос во живо од конференцијата по повод 2 години Влада.

Сесија 1: Промени 2017 - 2019

Oд поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество

Сесија 2: Агенда 2019 - 2020

Фокусот на Владата до крајот на мандатот
 

Економија, инвестиции, вработувања

  • Економијата генерира нов раст којшто произлегува од растот на приватниот сектор. Ја извадивме економијата од рецесијата што ја затекнавме и минусното салдо од -1,8% во вториот квартал на 2017 со раст од 3,7% на БДП во четвртиот квартал од 2018.
  • За две години влегоа 20 нови странски инвестиции во ТИР зоните и надвор од нив, а нивото на странски директни инвестиции во 2018 изнесува рекордни 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повисок износ во споредба со просекот во изминатите осум години.
  • Во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места и невработеноста падна на рекордно ниски 19,4%. Околу 1.000 нови работни места се отворени само во производствените погони на странските инвеститори, а според бизнис плановите на компаниите бројката на нови работни места ќе расте во следните години до околу 5.000 нови работни места.
  • Продолжува трендот на раст на индустриското производство - во првиот квартал на 2019 година растот е 8,8 %, а во 2018 изнесуваше 5,4%. Ова е показател за одржливиот економски развој на државата.
  • Во 2018 компаниите со засилено темпо ги извезуваат своите производи во странство. Според ДЗС во 2018 извозот има раст за 16,8 % во споредба со 2017.
  • Платите растат во овие две години. Просечната плата во 2018 година бележи пораст од 5,9%.
  • Околу 200 компании со доминантна домашна сопственост се поддржани во 2018 година преку Фондот за иновации и технолошки развој, со околу 20.000.000 евра државна помош. Овие компании вработиле или се во процес на вработувања на 800 лица со просечен износ на плата над 40.000 денари, што е околу 60% над просечната плата.
  • Агенцијата за вработување со 16,4 милиони евра во 2018 година поддржала 1191 бизниси отворени од наши граѓани кои ја искористиле мерката за самовработување. Од овие лица 509 се млади до 29 години, а 450 се жени.
  • Министерството за економија поддржа 160 компании преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво, за што се исплатени 760.000 евра.
  • Преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, завршени се 794 инвестиции на фирми, земјоделци и инвестиции во капацитети и набавка на опрема преку првиот повик од ИПАРД 2. Доделени се 424 грантови за поддршка на млади земјоделци.

Парите кај граѓаните

  • Порасна минималната плата од 9.000 денари во 2016 година на 12.500 денари во 2019 година
  • Повисоки плати за 10% и 5% во јавниот сектор - повисоки плати за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, културата, полицијата, државната администрација.
  • Пораснаа пензиите - просечната пензија за две години порасна за 826 денари
  • Воведена евтина тарифа на струјата - сметките се поевтини во просек за 500-1000 денари месечно, 11,4 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво
  • Намалување на ДДВ за парно греење од 18% на 5% - просечната заштеда ќе биде 220 денари месечно по семејство
  • Драстично намалување на казните и на трошоците за нотари, извршители - глобите за физичките лица се намалуваат за 75%, а трошоците за нотари и извршители за 50-90%
  • Поврат на персоналниот данок и 30% поевтина нафта за сите земјоделци
  • Значително повеќе деца ќе добијат образовен и детски додадок - опфатот ќе порасне од 3.000 на 70.000 корисници
  • Социјалната помош расте за повеќе од 300% - четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе добива месечен надоместок од 10.600 денари, наместо досегашните 3.029 денари
  • Решение за 10.000 стечајци од целата држава - обезбедено е финансиско обесштетување на жртвите на транзицијата
  • Повисок и навремен поврат на ДДВ кај фирмите - во 2018 повратот по основ на ДДВ кај компаниите е повисок за 19,1% споредено со 2017 година.
  • На 1 јули почнува повратот на 15% од платен ДДВ за секој граѓанин - подготвките се во финална фаза

Градиме по план

  • 25 фабрики во технолошко-индустриските развојни зони и надвор од нив
  • Решени се сите проблеми на Автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км 
  • 4 експресни патишта (Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш) - вкупна должина од 119 км Магистрални и регионални патишта - вкупна должина од 375 км (градба, реконструкција и рехабилитација)
  • Се изгради пругата Битола-Кременица
  • Се гради пругата Куманово - Бељаковце, а во подотовка е пругата Бељаковце - Крива Пaланка 
  • Реконструирани се 10 железнички станици, а 2,5 милиони евра се наменети за реконструкција на железничката станица во Скопје.
  • Изградени се 216 км гасовод ширум државата (Блок станица 5-Неготино, Неготино- Битола, Скопје-Тетово-Гостивар)
  • Изградени се над 30 км водовод за над 310 илјади жители, а се градат 83,8 км водовод за над 176 илјади жители
  • Изградени се 36,9 км канализација за над 22.5 илјади жители, а се градат 103 км канализација, за околу 49.7 илјади жители. Во 2018 пуштивме во употреба 5 пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Струмица, Радовиш, Кичево и Прилеп. Во тек е изградба во уште 5 општини со вкупен опфат од 47 000 жители.
  • Изградени се 12 градинки (Валандово, Градско, Конче, Кривогаштани, Куманово, Младо Нагоричане, Пионерски Куманово, Пласница, Пробиштип, Центар, Чашка, Чешиново-Облешево), а 13 градинки ќе профункционираат до крајот на годинава 
  • Реконструирани се 4 спортски сали (во Шуто Оризари, при УКИМ, во студентски дом Стив Наумов, во Велес), а се реконструираат 4 фудбалски стадиони (Велес, Чегране, Кисела Вода, Кривогаштани). 
  • Изградени се 8 фитнес зони, а се стартува со изградба на 14 училишни пливачки базени. Обезбедивме околу 1,25 милион евра за изградба на Домот на спортовите и Олимпискиот дом на територија на општина Аеродром на површина од 23.000 квадратни метри
  • Изградени се 4 нови основни училишта, а две се градат. Реконструирани и доградени се 8 основни училишта. Реконструирани се 3 средни училишта.
  • Пуштени во употреба се 11 училишни спортски сали, а се градат 19.
  • Реновирања, реконструкции и градби во здравството:
    • клиниката за пластична и реконструктивна хирургија
    • интензивно лекување на клиника за неврохирургија 
    • хируршки сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛИЦ
    • одделенијата за дигестивна хирургија
    • две гинеколошки операциони сали во Чаир
    • здравствени дом и итна медицинска помош во Велес 
    • одделот за трансплантација во клиниката за хематологија
    • оперативниот блок и интензивната нега во „Св. Еразмо“ - Охрид
    • ургентен центар во Куманово
    • нова клиничка болница во Штип
  • Реконструкција на 39 полициски објекти со вкупна вредност од над 2 милиони евра 
  • Реконструкција на 5 брани („Пишица“ во Пробиштип, „Мавровица“ во Свети Николе, „Слатино“ во Дебарца, „Дрен“ во Демир Капија, „Липа“ во Демир Капија)
  • Изградба на 2 нови брани („Конско“ во Гевгелија, „Речани“ во Кочани). 
  • Јужна долина - систем за наводнување за 2.000 хектари земјоделска површина наводнување (втора фаза, 24,3 милиони евра) 
  • Изградба и реконструкција на театри и центри за култура
    • Изградба на театар во Струмица 
    • Реконструкцијата на Албански Театар во Скопје 
    • Театар и библиотека во Тетово 
    • Турскиот театар во Скопје 
    • Реконструкции или изградба на театри и центри за култура во Куманово, Делчево, Кичево, Гостивар, Штип, Струмица, Прилеп, Кочани и Скопје (Театар за деца и младинци, МНТ, Театар Комедија и Драмскиот театар, Чифте Амам)

Од заробена држава до блескав пример

  • Пријателски односи со сите пет соседи. 
  • Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија. 
  • Договорот од Преспа со Грција. Затворивме 30-годишен спор, еден од најстарите во регионот.
  • Слободни и фер локални избори во 2017. 
  • Слободен и демократски консултативен референдум во 2018.
  • Кристално чисти претседателски избори во 2019. За прв пат во историјата на нашата земја.
  • Слободата на медиумите се подобри, имаме раст од 14 места на Светскиот индекс за слобода на печатот.
  • Владата на РСМ е на прво место по транспарентност во регионот. Пред две години бевме на последно место.
  • Затворен е случајот “инспекции во невладините”.
  • Државата конечно има независна и кредибилна Антикорупциска комисија.