30 години независност
Настанот за одбележување 30 години независност на Северна Македонија претставува високо-церемонијална државна манифестација кој се одвива пред Собранието на Република Северна Македонија и која го отсликува историскиот референдум на 8 септември 1991, кога граѓанките и граѓаните на Република Македонија го потврдија илинденскиот и асномскиот континуитет и масовно го дадоа својот глас за независност на нашата држава како суверен меѓународен субјект и за меѓународно признавање како рамноправна членка на заедницата на народите.
Настанот ја отсликува и денешна Северна Македонија која стана дом еднаков за сите граѓани, без разлика на етничката и верска припадност или на социјалниот статус. Настанот ја отсликува нашата држава која стана едно и еднакво општество за сите, како и нас, граѓаните на Северна Македонија, кои заеднички ги остваривме нашите стратешки интереси што ја определуваат иднината на нашата земја.
Република Северна Македонија денеска е членка на НАТО, засилено се европеизира и подготвена чекори на патот кон Европската Унија.
Покрај организацијата на централната манифестација која се одржа пред Собранието на 8 септември, Владата како една од мерките за финансиска поддршка на индустријата за организација на настани ѝ даде тема за одбележување на 30 години независност на Северна Македонија.
Од Илинден, АСНОМ, НОБ и НАТО, преку културата и традицијата на сите заедници кои живеат во нашата земја, културното наследство, дејноста и делата на најзначајните дејци и автори, па сѐ до Референдумот од 1991 година, Рамковниот договор и Договорите со Бугарија и Грција, македонските компании реализираа настани кои остануваат како трајни вредности и засекогаш во сеќавањето на граѓаните, како и во државните архиви.
Каталог со настани: https://vlada.mk/MK30-Katalog
Трибина „Патот на независност“
30 факти за 30 години независност: