Кодекс за етичко однесување
Врз основа на член 2-а став 2 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 232/20 и 162/21), Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење назначува лице задолжено за советување за практична примена на одредбите од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, етички прашања и интегритет.
Лице задолжено за советување за практична примена на одредбите од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, етички прашања и интегритет:
Деспина Илиевска, Советник за анализа и истражување, во Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор, во сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија и министрите без ресор, со овластување да извршува работи и работни задачи за потребите на Кабинетот на ЗПВРСМ, задолжен за политики за добро владеење
- Е-маил адреса: despina.ilievska@gs.gov.mk
- Контакт телефон: 076 250 610