Александра Грозданова, Национанален координатор за имунизација на Република Северна Македонија

Александра Грозданова е родена 1974 година во Скопје, каде завршува основно и средно училиште. Во 1992 година се запишува на Фармацевтскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде дипломира во јуни 1998 година. Од септември 1998 година започнува со волонтирање на Институтот по Фармацевтска хемија, а од 1999 година е избрана за помлад асистен на Фармацевтскиот факултет во Скопје. По завршување на  едногодишен стаж, во 1999 година го положува стручниот испит при Фармацевтскта комора и се здобива со лиценца за работа.

Во 2000 година се запишува на интердисциплинарните последипломски студии по молекуларна биологија и генетски инжењеринг при Македонската Академија за Науки и Уметности (МАНУ) и УКИМ и во јануари 2003 по одбрана на магистерскиот испит се стекнува со звање магистер по молекуларна фармација. Истата година, 2003 год., во рамки на двомесечен студиски престој поминува обука во областа на инфективните заболувања во тренинг центарот на Светска Здравствена Организација во Лозана, Швајцаријa (EU WHO training center, Special programme for research and training in infection disease, Lauzanne, Swicerland). 
Во период од 2003 до 2006 година ги завршува здравствените специјалистичките студии по испитување и контрола на квалитет на лекови на Фармацевтскиот факултет во Скопје и во 2006 година со одбрана на специјалистички испит се стекнува со звање специјалист по испитување и контрола на квалитет лекови. 

Во 2006 година во траење од шест месеци остварува студиски истражувачки престој на Одделот за Имунологија при Универзитетот во Стокхолм, Шведска (Department of Immunology, Stockholm University, Stockholm, Sweden). Во рамки на овој престој започнува со дел од истражувањата за докторките студии во областа на имунохемијата и вакцините. Во 2012 година со успешна одбрана на докторскиот труд се стекнува со звање доктор на фармацевтски науки и истата година е избрана во звање доцент. 

Во период од 2012 година до сега, Александра Грозданова е член на работната група за биолошки слични лекови во Европската медицинска агенција (ЕМА), Лондон, Велика Британија и член на групата на експерти за биолошки лекови во Eвропскиот директорат за квалитет на лекови (EDQM) во Стазбург, Франција. 

Во 2014/2015 години во рамки на програмата Fulbright Scholar како стипендист на влата на Соединетите Американски Држави, остварува постдокторски студии на MCPHS University и Harvard Pilgrim Medical School, во Бостон, САД. При овој студиски престој поминува турнус на Brigham and Women’s Hospital, Бостон, САД, а со свои семинари учествува и на Division of Pharmacoepidemiology and Pharmacoeconomics, при Harvard Medical School и Harvard Pilgrim Health Care Institute, Бостон, САД. 
Во јуни 2015 е дел од едукативниот семинар на Европската асосцијација за клиничка фармакологија и терапевтици (European Association for Clinical Pharmacology and Therapeutics), на тема биолошки слични лекови (Biosimilar medicinal products & How to enhance healthcare systems sustainability without compromising clinical practice, Martina Weise (Germany), Cristina Avendaño-Solá (Spain) Aleksandra Grozdanova (Macedonia) одржан во Мадрид, Шпанија.
Во период од 2015 до сега, како надворешен експерт во рамки на македонската агенција за лекови (МАЛМЕД) учествува во комисијата за проценка на квалитет и регистрација на лекови, во комисијата за биолошки слични лекови и во комисијата за изработка на измени и дополнувања на законски и подзаконски акти од областа на лековите. Како експерт за медицински и лаборатории за тестирање учествува во работата на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, како технички оценувач за акредитација на овие лаборатории.

Во мај 2016, Александра Грозданова е номинирана од страна на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, да помине обука организирана од Светската Здравствена Организација (WHO Regional training on vaccines and immunization) во Виена, Австрија. Обуките во областа на вакцините и имунизацијата ги продолжува и во рамки на експертските семинари на УНИЦЕФ во октомври 2018 (Vaccine Procurement Forum UNICEF, Копенхаген, Данска) и во април 2019 (Planning and forecasting of vaccine supply on national level, Тбилиси, Грузија).  
Како претставник на Република Северна Македонија во 2018 и 2019 година, учествувала во регионалната експертска група на југоисточна и централна Европа во Скопје, Белград и Загреб (South Eastern and Central Europe Pertussis Expert Network, SPEN) и во работата на SECID - Southeast European Center of Infection.  Во ноември 2019 учествува на семинар на експерти VaxExcel 2019 (Changing the European landscape in influenza vaccination) при Институтот Пастер во Парис, Франција.

Учествува во повеќе национални и мегународни проекти и тоа како главен истражувач на проектот Joint cross-border collaboration on influenza vaccine procurement in SEEHN member states (Southeast European Centre for Surveillance and Control of Infectious Diseases, SECID, 2019/2020);  дел од клиничката студија Solidarity, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, 2020;  член на регионалната работна група за COVID-19 вакцинација (Regional working groups on COVID-19 vaccination, WHO Europe project, Technical working group on COVID-19 Vaccine Supply, 2020); 
Александра Грозданова во 2017 избрана е во звање вонреден професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје, УКИМ. Учествува во додипломски, последипломски и специјалистички студии, и е наставник на докторските студии и ментор на докторанти при УКИМ. Со свои трудови, предавања и едукации учествувала на повеќе домашни, европски и светски конгреси и симпозиуми. Автор на повеќе од 30 научни и стручни трудови и публикации во домашни и меѓународни списанија со фактор на влијание.

Во рамки на своите активности како сертифициран тренер во делот на имунизацијата заедно со Министерството за здравство, реализира повеќе обуки годишно за превентивните тимови, матичните и семејните лекари и фармацевтите во делот на квалитетот и безбедноста на вакцините. Од 2016 година е дел од Стручната комисија за имунизација при Министерсвото за здравство, а во 2018 година е избрана за претседател на оваа комисија. Од 2020 година е член на Национална техничка група за КОВИД-19 вакцинација, при Министерство за здравство.