Нола Исмајлоска Старова, Национален координатор за регионална соработка и европски интеграции

Нола Исмајлоска Старова е назначена за Национален координатор за регионална соработка и европски интеграции на 01.07 2021. Оттогаш ја презема и координацијата за подготовка на договорите во иницијативата Отворен Балкан. Воедно учествува и на работни состаноци на темата за европските интеграции на нашата држава.

Од 2014 до 2020 беше пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, каде учествува во креирање, анализа и подобрување на законски решенија. Препознатлива по својата одлука да допринесе за влезот во НАТО на Република Северна Македонија.

Активен член на Комисијата за европски прашања, Комисија за култура, Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Парламентарна група за поддршка на ЛГБТИ лицата, Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Клуб на пратенички, Комитет за односи меѓу заедниците и Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Била потпретседателка на Клубот за младински прашања и политики кој го иницираше првиот закон за младинско учество и младински политики.
Била дел од пратеничките групи за соработка со Балтичките земји, Кралството Шпанија, Словачката република, Албанија и Косово.

Од 2009 до 2012 работи со проекти од различни области во неформалното образование во земјата и странство. Почнувајќи како ентузијаст, продолжува да се надоградува и води обуки за идни обучувачи. Во 2012 живее во Литванија кадешто работи во Дом за деца со посебни потреби каде помага во олеснување на нивното секојдневно функционирање. Во 2013 продолжува да се надоградува во работата како обучувач и менаџирање целокупен проектен циклус.

Во 2019 е номинирана од Американската амбасада за учество на програма за размена помеѓу САД и Република Северна Македонија за политички лидери, со што станува македонско-американски алумни.

Автор е и координатор на бројни проекти, текстови и трудови.

Исмајлоска е Дипломиран инженер по информатички науки и технологии од областа на е-влада, е-бизнис и е-култура, а во моментот работи на магистерската теза од областа на меѓународните комуникации која ќе ја обработи евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија низ анализа на политичката комуникација како алатка за надминување на отворени прашања со осврт на Охридскиот рамковен договор, Договорот за добрососедство и пријателство и Преспанскиот договор.


Е-маил: nola.ismajloska@gs.gov.mk