Заменик генерален секретар на Владата

Хасим Муртезани е роден на 17 јуни 1986 година во Скопје.

Во 2008 година дипломирал на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.  Во 2015 година магистрирал по студии за безбедност на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Својата професионална кариера ја започна во 2009 година во приватниот сектор. Од 2012 до 2013 година бил менаџер на компанија од земјава со претставништво во Косово. Од 2013 до 2017 година бил менаџер на компанија од земјава со претставништво во Албанија.

Хасим Муртезани во 2021 година,  беше кандидат за градоначалник на општина Сарај, од редовите на Движење БЕСА.
   
Во 2021 година работел како посебен советник на генералниот директор во Железници на Република Северна Македонија - Транспорт, што го означува и неговиот ангажман во јавниот сектор.

Во 2024 година беше кандидат за пратеник од редовите на коалицијата ВЛЕН. Хасим Муртезани  покрај албанскиот течно говори македонски и англиски јазик.