Александар Бајдевски – заменик-министер за информатичко општество и администрација
Александар Бајдевски е роден 1977 година.
Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, каде се стекнува со звањето дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент.
Од 2000 до 2005 година е советник во Советот на Општина Кисела Вода.
Во 2005 година е ангажиран како советник за статистичко-аналитички работи во Централниот регистар.
Во периодот од 2005 до 2006 година работи како соработник во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.
Од 2006 до 2010 година е ангажиран во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, прво во Секторот за анализа и координација, потоа во Секторот за општи работи.
Од 2011 година работи во Министерството за информатичко општество и администрација во секторот за финансиски прашања.
Функцијата заменик-министер за информатичко општество и администрација ја извршува од јуни 2017 година.
Исто така е заменик член на Комитетот за буџет на Регионална школа за администрација-РеСПА, Даниловград.
Учествувал на повеќе стручни обуки во државата и странство.
Говори англиски јазик.