Буџет на Владата на Република Северна Македонија
ВКУПЕН БУЏЕТ НА ВЛАДАТА: 3.937.665 илјади денари
ОПИС И ЦЕЛИ ЗА 2019 ГОДИНА
Владата на Република Северна Македонија ја утврдува економската и развојната политика на државата, утврдува мерки за нејзино остварување и му предлага мерки на Собранието за стварувањето на политиките што се од негова надлежност, ја утврдува политиката на извршување на законите и другите прописи на Собранието, го следи нивното извршување, врши координација на процесот на стратешкото планирање на централно ниво и негово усогласување со буџетскиот процес и врши други работи утврдени со закон.
Активностите на Владата на Република Северна Македонија во 2019 година како буџетски корисник се во согласност со утврдените стратешки приоритети за зголемување на економскиот раст, обезбедување на повисоки стапки на вработеност, пораст на животниот стандард и поквалитетен живот за граѓаните, интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот, инвестирање во образованието, иновациите и информатичката технологија како елементи на општество базирано на знаење.
Со Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година се обезбедуваат средства во износ од 850 милиони денари за поддршка на домашни гринфилд инвестиции, 520 милиони денари за микро и средни претпријатија и 188 милиони денари за унапредување на локалната и регионалната конкурентност во туризмот.
ИНДИКАТОРИ:
Број на вработени: 402
Оперативни расходи по вработен (во илјади денари): 1,851
Тековен буџет:
- Буџет на Владата на Република Северна Македонија - 2019 година
- Буџет на Република Северна Македонија - 2019 година
Писмо за достава на Предлог-закон за извршување на буџетот за 2019 година
Изминати буџети:
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2018 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2017 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - Ребаланс 2016 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2016 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2015 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2014 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2013 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2012 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2011 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - Ребаланс 2010 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2010 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - II Ребаланс 2009 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - I Ребаланс 2009 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2009 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - Ребаланс 2008 година
- Буџет на Владата на Република Македонија - 2008 година