Графички стандарди на Владата и министерствата

За потребите на стандардизирање на графичкиот дизајн, приказ и брендирање на Владата на Република Северна Македонија, министерствата, како и сите други организации во склоп на министерствата и други органи на државната управа изработена е Книга на графички стандарди. Во прилог ќе можете да се запознаете со Книгата за графички стандарди, како и со сите други детали кои ви се потребни за да можете да почнете веднаш да го користите новиот дизајнерски јазик на Владата.

Графички стилови

Бои

Секое министерство има своја уникатна примарна боја. Таа се користи како детал на логото, на веб-страници, на печатени и дигитални материјали и претставува боја преку која граѓаните лесно ќе можат да препознаат за која институција станува збор.

Институција HEX боја Pantone
Влада црвена #AC162C 187 C
Влада златна #BD9E55 7562 C
Министерство за одбрана #83874E 5767 C
Министерство за внатрешни работи #160F3D 2765 C
Министерство за надворешни работи #010081 10294 C
Министерство за правда #80151C 1815 C
Министерство за труд и социјална политика #DB4105 1665 C
Министерство за финансии #660066 2607 C
Министерство за образование и наука #54A5DB 7702 C
Министерство за економија #66142A 7421 C
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство #0E7568 3295 C
Министерство за транспорт и врски #5A5A5A 425 C
Министерство за здравство #0061AF 300 C
Министерство за култура #F3811F 158 C
Министерство за локална самоуправа #D25459 7418 C
Министерство за животна средина и просторно планирање #01894B 7725 C
Министерство за информатичко општество и администрација #024760 3165 C

Типографија

Стоби е официјалниот фонт за употреба на Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите државни органи. Се користи и за кирилични и за латинични текстови. 

Напомена: Во наслови и текстови не се користи CAPSLOCK за пишување, ниту пак Underline за истакнување на делови од текстот. Се користи исклучиво само Bold верзијата од приложениот фонт.

[ Преземи фонт ]

Лого на Владата

Примарно лого

Примарна верзија на логото на Владата, за генерална употреба. Логото е составено од стилизирана верзија на Грбот на државата, дополнет со две црвени хоризонтални линии, симетрично поставени лево и десно и типографски потпис.

[ Преземи векторски пакет ]

Дополнителни верзии на логото

Дополнителни верзии на логото на Владата кои можат да се користат. Вертикалната верзија се користи исклучително на врв на страна, најгоре и централно поставена, дополнителни логоа може да се поставуваат лево и десно од логото на Владата или под истото. Хоризонталната верзија се користи со лево порамнување, најчесто прва во колона, во долната третина на дизајнот, други логоа можат да се стават под или кон десно на логото на Владата.

Инверзни верзии

Дозволени инверзни верзии на логото за темни позадини.

Правилно користење на логото

Дозволени верзии за користење на логото и негова апликација врз фотографија.

Неправилно користење на логото

Сите произволни модификации на логото на Владата на Република Северна Македонија се забранети. Логото се аплицира и употребува ИСКЛУЧИВО како што е пропишано во оваа книга.
Правилата пропишани на оваа страница се однесуваат на сите можни верзии на знакот.

Логоа на министерствата

Примарна верзија на логоата на министерствата

Со цел стандардизирање на визуелниот приказ на министерствата, во прилог се примарните логоа на сите министерства. Составени се од стилизирана верзија на Грбот на државата, лево од која се наоѓа името на државата, хоризонтална линија во бојата на министерството и називот на институцијата под линијата.

[ Преземи векторски пакет ]

Дополнителни верзии на логоата на министерствата

Сите верзии на логоата на министерствата - двојазично, еднојазично вертикално и еднојазично хоризонтално. Секое министерство ги има сите верзии.

Двојазичното хоризонтално и еднојазичното вертикално лого се користат исклучиво на врв на страна, највисоко и централно поставени. Еднојазичното хоризонтално лого се користи при прикажување на логото заедно со други логоа на постер или банер, исклучиво лево порамнето и во колона. Ова лого може да се појави десно од хоризонталното лого на Владата, второ во колона.

Грб на Република Северна Македонија

Изгледот на Грбот на Република Северна Македонија е уреден преку Законот за грб. Согласно Член 2, Грбот на Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви. Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце.

[ Преземи векторска верзија ]

Симбол на логото на Владата

Примарна верзија од симболот, која се користи заедно со текстот на логото, но и како самостоен декоративен елемент на брендирани материјали. Постои полна, линеарна, златна и инверзна верзија од симболот. Линеарна верзија од симболот најчесто се употребува како декоративен елемент во брендинг материјалите (позадина на страници, на папки, плико и слични материјали.

[ Преземи пакет ]