Комуникациска стратегија на Владата за 2023 / 2024
Комуникациската статегија на Владата на Република Северна Македонија 2023 - 2024 е создадена со цел да биде главната алатка на комуникаторите на Владата, кои ги комуницираат владините планови и политики. Комуникациската стратегија за 2023 - 2024 година, освен комуникациски теми содржи и професионални и етички стандарди како и вештини за професионален развој на владините службеници коишто работат во делот на комуникациите.
Воведен збор
Владата на Република Северна Македонија во 2017 година започна со трансформација на владините комуникации во служба на јавниот интерес и граѓаните, која ги следи прогресивните политики за отворена и транспарентна Влада. Со помош на стратешките партнери и поддршката на граѓаните, Владата градеше комуникациски сервис кој ја зацврстува довербата на граѓаните во институциите преку објективно и навремено комуницирање со медиумите и граѓаните.
Развојот на Владиниот комуникациски сервис продолжува во негување на демократскиот амбиент и контиунирано подорување на состојбите со слободата на изразување како и медиумските слободи. Создавњето на атмосфера во која професионалните и независни медиуми ќе можат да го изразат ставот на граѓаните е приоритет на секоја демократска Влада, која пак ги создава политиките за подобрување на животот на граѓаните. Комуникациската стратегија е мост со кој се поврзуваат сите овие елементи заедно.
Комуникациската стратегија 2023-2024 ги доближува различните политики на Владата до граѓаните. Почнувајќи од стратешките определби со членството во НАТО и отпочнатите преговори со Европската Унија, како и добрососедските односи кои се зацврснуваат преку повеќе регионални иницијативи како Берлински процес и Отворен Балкан, како и стратешкото партнерство и дијалог со Соединетите Американски Држави, но и претседавањето со ОБСЕ, ја претставуваат суштината на меѓународната политика на Владата. На домашен план тоа се силните економски политики кои се владиниот одговор на глобалната енергетска и економска криза и нивното насочување кон ранливите категории на граѓани, изразувајќи ја солидарноста и грижата која секоја демократска Влада мора да покаже во услови на криза.
Со своите проактивни владини комуникации, покрај отворањето на работата на министерствата и Владата со засилена транпарентност и отчетност, продолжува да ги развива комуникациите и политиките со кои се бори против дезинформациите. Преку постојан развој на професионалните капацитети на владините службеници за односи со јавност и нивниот влог во создавањето систем за владини комуникации создаваме организиран систем и кој пред сѐ е демократски и сервисен.