Груевски: Лидерска средба ќе има кога ќе се создадат услови
Нова лидерска средба ќе има кога ќе се создадат услови за тоа, односно кога ќе има потреба, најави премиерот Никола Груевски по означувањето на почетокот на работите за реконструкција на 15 улици во општина Ѓорче Петров.
- Има дискусија, комуникација, се водат разговори и за да се постигне некаков договор потребно е од двете страни да има согласност. Засега таква согласност од двете страни се уште нема, прецизира Груевски во одговор на новинарско прашање.