Реконструирано подрачното училиште во Требеништа
Премиерот Никола Груевски денеска го посети реконструираното подрачно училишта во селото Требеништа.
Со реконструкцијата, информира премиерот, обновена е фасадата, заменети се прозорците и поставен е нов под.
- Пред неколку години преку Министерството за образование помогнавме и за замена на кровот во ова училиште, општината и градоначалникот помогнаа за изградба на салата во кругот на училиштето, така што може да се каже дека со заеднички сили правиме големи чекори напред за подобрување на условите за наставата за учениците од овој регион, истакна Груевски, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на ветените проекти.
Во рамките на посетата на општина Дебарца, претходно премиерот го пушти во употреба реконструираниот водоводен систем во селото Ботун и го означи почетокот на изградба на колекторски систем во селото Мешеишта. Од големо значење за жителите на Дебрца тој ја спомена изградбата на канализацијата во селата Лешани и Велмеј, која ќе се гради во наредниот период, како и изградбата на пешачката патека кај Оровник, за што ќе бидат инвестирани околу 200.000 евра, како и изградбата на плажа во општината.
- Од неодминливо значење за општина Дебрца е и изградбата на новиот автопат како од инфраструктурен, така и од аспект на нови вработувања. Радува фактот што фирмите кои работат на изградба на автопатот веќе имаат вработено дел од локалното население, така што верувам дека во наредниот период ќе има и нови вработувања за време на реализацијата на овој квалитетен проект на Владата.