Во Брисел средба Попоски-Фуле
Бевме фокусирани на задржување на динамиката на интеграцискиот процес на Република Македонија и можноста реформите кои ги спроведуваме да бидат валоризирани, а со тоа да овозможиме континуиран напредок, кој во секој случај ќе има афирмативно дејство врз задржувањето на кредибилитетот на процесот за проширување.
Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.
Според Попоски, во ова фаза има силни аргументи кои допринесуваат за афирмирање на отворањето на следната фаза на преговори со Република Македонија, што според него е позитивен сигнал за целиот регион.
- Оваа можност треба да ја искористиме и сметам дека сите земји-членки на унијата треба да бидат посветени и да дејствуваат во овој правец, рече министерот.
Во текот на денешниот и вчерашниот ден во Брисел, Попоски имаше средби со повеќе пратенички групи од Европскиот парламент, како и со известувачот за Македонија од Европскиот Парламент, Ричард Ховит.
- Средбите преставуваа исклучителна можност да се презентираат достигнувањата од изминатата година, како и можност да се нотира важноста која ја придава Европскиот Парламент на задржување на кредибилитетот на интеграцискиот процес на Република Македонија, а и на целиот регион, додаде Поповски.