Сочувство од Димитриев до белгискиот премиер, Шарл Мишел
Ваша Eкселенцијо,
Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Брисел, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени.
Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Белгија, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување.
Мислите и молитивите на македонските граѓани се со граѓаните на Белгија.
Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Белгија и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме.
Нападите во Брисел не се само напади врз мирот и слободата, туку претставуваат и атак на идејата за обединета Европа, на принципите и вредностите на кои се темели заедницата на европски народи и држави. Тероризмот ќе го победиме со заедништво, солидарност и одлучност во борбата против оние кои преку насилство сакаат да внесат страв и омраза, и кои ги загрозуваат цивилизациските придобивки на целото човештво.
Во овие тешки мигови, уште еднаш примете ги изразите на моето искрено сочувство.
Емил ДИМИТРИЕВ
Почитуван
Г-дин Шарл Мишел
Премиер на Кралството Белгија
Б Р И С Е Л