Македонија користи искуства на Германија, Полска и Хрватска во ЕУ-интеграцијата
Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ - Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија.
На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека секоја од земјите учеснички во проектот ги понудиле своите значајни познавања и искуства поврзани со различните аспекти на функционирањето на Унијата.
- Германија која е една од земјите основачи на ЕУ има одлично практично искуство за кординирање на националните инстритуции вбо однос на европските политики. Искуствата на Полска за трансформацијата на преговарачките структури во координативни структури за време на преговорите и по пристапувањето во ЕУ се исто така важни за нашата администарција. И секако Хрватска како најнова земја која влезе во ЕУ и има најсвежо искуство во однос на процесот на преговори и особено во однос на новиот пристап на ЕУ. Но она што е уште поважно беше нивната подготвеност да го пренесат своето знаење и да обезбедат експерти на располага не само на СЕП, туку и на другите кориснички институции како што се МНР, Скретаријатот за законодавство и Генералниот секретаријат на Владата и работните групи, рече Адеми кој се заблагодари на Делегацијата на ЕУ која е вели искрен партнер и поддржува на земјата во сите реформи.
Јаромир Левичек од Делегацијата на Европската унија истакна дека перспективата за пристапување кон ЕУ на една земја не треба да се сфати здраво за готово оти треба да бидат исполенти бројни обврски на тој пат.
- Бројни препораки беа дадени за тоа како да се постапува во секое поле. Она што е најважно е нивната примена во пракса, а тое е во надлежност на вашите политички лидери. Резултатите од овие проекти не треба да останат само на хартија, тие треба да се вградат во политиката на Владата и на институциитеи да бидат реализирани, рече Левичек.
На конференцијата присуствуваа и амбасадорите на земјите партнери во твининг проектот - полскиот амбасадор Јацек Мултановски, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Марко Акватичи.
Во проектот финансиран од ЕУ со 1,7 милиони евра, кој се спроведуваше 22 месеца, учествуваа преку 65 експерти од земјите учеснички, беа опфатени околу 1.000 државни службеници, а преведени се и исто толку страници стручен материјал. За потребите на јакнење на административните капацитети реализирани се околу 30 обуки и стотина работилници. Изготвени се 30 извештаи за 30 поглавја на преговори, а реализирани се и неколку студиски посети во Германија, Полска и во Хрватска.