Прва седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи
Почитувани,
Ве известиваме дека доцна попладнево се одржа Првата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, со којшто претседаваше раководителот на овој комитет, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На седницата се разгледаа состојбите и последиците од невремето во Тетовско.
Согласно информирањето и предлозите изнесени во расправата на седницата Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи ги донесе следните заклучоци:
1.Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Општина Тетово и регионалниот штаб за управување со кризи, веднаш да преземе активности за санација и расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско.
2.Министерството за транспорт и врски, веднаш, во текот на оваа вечер да закаже итен координативен состанок со сите надлежни институции под негова надлежност, со цел правење на детален акциски план со работни активности по институции, согласно расположливите ресурси од институциите, во насока на расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско, со посебен акцент на двата паднати мостови.
3.Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт и врски и доколку е потребно да се ангажира механизација од Армијата на Република Македонија, со цел нормализирање на состојбите во погодениот регион од силното невреме.
4.Општина Тетово, во соработка со соседните општини, веднаш да обезбеди механизација и искористување на ресурси и механизација во насока на расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско и нормализирање на состојбите во погоденото подрачје.
5. Да се информира јавноста за одржаната седница на Управувачкиот комитет и донесените заклучоци, во рамки на политиките за отчетност и транспарентност.