Туск и Јункер до Заев: Поддршка во спроведување на реформите и проектите за членство во ЕУ
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер денеска упатија честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и формирањето на новата Влада.
„Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период и нуди на новата Влада можност за посветена работа, преку конструктивен дијалог со опозицијата, кон заедничката цел за Евро-атланска интеграција“, се вели во честитката.
„Вашата континуирана посветеност кон целосна имплементација на Договорот од Пржино и спроведување на приоритетите за итна реформа ќе биде од суштинско значење за успехот на Вашата земја во овој поглед“, стои во честитката упатена до премиерот Зоран Заев.