Средба на министерот Адеми со амбасадорот на Грција Јанакакис
Министерот во Владата на РМ задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.
На средбата, министерот Адеми го запозна амбасадорот Јанакакис со моменталните активности поврзани со дијаспората, како и потребата од градење на Национална стратегија за соработка со дијаспората, која треба да претставува патоказ за плодна соработка со дијаспората.
Дополнително, се разговараше и за потенцијална размена на искуства, мислења и позитивни практики поврзани со прашањето на дијаспората помеѓу Република Грција и Република Македонија.
На средбата, уште еднаш беше потврдена желбата за добри односи и унапредување на мерките за градење на доверба помеѓу двете земји.