Обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на прес конференцијата на која беше објавен договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот може да го преземете на овој линк.
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Новата Влада, со ваша поддршка, застана цврсто на евро-атлантскиот пат - се определивме за активен реформски процес и за современи добрососедски односи базирани на европските вредности и денеска сакам да објавам, правиме уште еден, сериозен исчекор во перспективите за граѓаните и за Република Македонија.
Владата, синоќа на седница, го прифати Извештајот за извршените преговори за текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, го прифати усогласениот текст на Договорот и донесе одлука да го потпишам Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Овој Договор е во согласност со националните интереси на Република Македонија. Овој голем чекор – како што впрочем и наведовме во Договорот, одговара на интересите на народите на Македонија и на Бугарија.
Договорот е одраз на новиот дух на политики од генерација политичари на денешнината кои градат мостови, а не рушат, кои подаваат раце за да ги сплотуваат граѓаните, а не вртат грб за да ги делат. И јас како премиер и новата Влада сме цврсто решени да водиме политики коишто решаваат проблеми, а не создаваат и не бегаат од нив.
Овој Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, го усогласивме, затоа што и од другата страна имаме пријател и сосед со добра волја да затвориме прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија наместо да ги насочува кон интересите на граѓаните на двете земји и нивните народи.
Договорот ќе биде јавно објавен на Веб страницата на Владата на Република Македонија и ќе може секој заинтересиран да го прочита во целост.
- Договорот е основа за добрососедство и пријателство.
- Договорот ќе помогне за поврзување во патната и гасната инфрастуктура меѓу двете држави. Ќе ја унапреди размената на стоки, услуги и капитал. Трговската размена сега изнесува 500-600 милиони евра. Зошто да не биде 1 милијарда евра?! Дава силен импулс на изградбата на Коридорот 8, за што, на самитот во Трст, Македонија доби грант од ЕУ од 70 милиони евра.
- Договорот овозможува царински олеснувања и гранични олеснувања. Ќе ја поттикнеме и олесниме заедничката европска иднина на младите од двете држави, како и економската соработка меѓу бизнисмените, што заедно, ќе придонесе кон економски развој на државите и поголема благосостојба на граѓаните.
- Исто така, застануваме заеднички против говор на омраза, национализам или какви било провокации и се обврзуваме дека заедно ќе ја спречуваме недобронамерната пропаганда доколку се појави внатре во државите.
- Минатото и историјата, ги поставуваме како темел на иднината.
Почитувани граѓани,
Она што е значајно за Република Македонија е дека Република Бугарија цврсто го поддржува приемот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, без поставување услови и земјата е подготвена да ни ги пренесе сите искуства од процесот на европските интеграции.
Европска иднина и е потребна на Република Македонија, но европската иднина му е потребна и на регионот, што е исправен пред овој предизвик за заедничка евро-атлантска перспектива.
ЕУ во Трст препозна во Република Македонија мотор на развој на регионалната соработка. И Република Македонија со потпишувањето на овој Договор достоинствено одговара на надежите и очекувањата на Европа за еден зрел и конструктивен регион подготвен да се носи со сите актуелни предизвици.
Успехот за постигнатиот Договор е заеднички и национален, на сите граѓани, на сите партии и на сите влади, бидејки оваа Влада го финализира процесот што е почнат од 2009 година од кога се одржани 10 заеднички состаноци на комисии меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Имавме конструктивна дебата во Парламентот и затоа очекувам опозицијата да учествува и во заокружувањето на процесот, и да даде поддршка на Договорот.
Република Македонија се издигнува во пример за соработка во Југоисточна Европа. Ве повикувам сите, да гледаме напред и заеднички да овозможиме напредок на Република Македонија и на сите нас како граѓани на една современа европска држава во каква што сакаме да живееме.
Одговори на новинарски прашања,
Медиуми: Дали во овој финализиран текст од договорот се вметнати баем дел, или, пак, сите забелешки кои ги даде опозицијата на затворената седница во Собранието?
Заев: Сите забелешки беа конструктивни као што реков во обраќањето. Ние споделивме заеднички грижи и заеднички позитивни аспекти од целиот овој договор. Ова е договор кој што ги прави среќни и двете страни. Мислам на бугарската и македонската. Ние заклучивме дека конечно треба да гледаме на чашата како полу полна. Доста ја гледавме како полупразна. Договорот отвара огромни перспективи. Направивме напори, и во разговорите што продолжија понатаму заклучивме дека текстот на договорот, имајќи го предвид интересот и на другата страна, бугарската страна, навистина е во едно своевидно совршенство, кое што, за разлика од сите договори кои што согласно теоријата велат дека треба да останат поприлично еднакво по малку незадоволни двете страни, овој договор ги прави поприлично малку повеќе задоволни и двете страни. Мислам на бугарската и на нашата, македонската страна. Јас сум апсолутно свесен дека и во Комисијата за надворешни работи во Собранието на Република Македонија и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а и севкупно во пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има доста искусни луѓе, кои што потрошиле доста време на овој договор, апсолутно се свесни дека ова е голема придобивка за република Македонија. Знаејќи го сето тоа, навистина очекувам и во име на испраќањето на оваа силна порака пред нашите граѓани дома, конечно еднаш е убаво да застанеме заедно зад нешто што е добро за Република Макеоднија и за сите нејзини граѓани.
Медиуми: Пр.2: Би сакал да прашам дали во договорот се предвидува некаков член со кој на Македонија ѝ се дозволува да се грижи за македонското малцинство во Бугарија?
Заев: Го имате договорот и јас ќе се обидам само да цитирам. „Овој договор на никаков начин нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и на мултилатералните договори чии страни се договорните страни“. Тоа укажува на апсолутно почитување на сите меѓународни конвенции, меѓународни права и обврски на двете земји, кои што ги имаат преземено, а Бугарија е членка на ЕУ, членка на Oбединетите нации и членка на НАТО.
Медиуми: Ме интересира дали новата администрација ќе преземе некакви мерки и истраги за сомнителните договори шо ги потпишуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ? Конкретно за договорот со Меркјури – Лондон ?
Заев: Насоките што сум им ги дал на службите, пред сè на правните служби, на Генералниот секретаријат, се строго по закон. Тоа значи транспарентност во постапките. Голем дел од постапките објавивмеи објавуваме сè како што доаѓаме до било што што е од интерес на граѓаните и на вас новинарите, а веднаш потоа правните служби ги процесуираат согласно законот до надлежните институции за постапувње. Верувам дека нема ништо да направиме изнудено или нешто што би претставувало наша лоша политичка намера спрема било кој, освен почитување на законот. Од тој аспект, за сето тоа што гледаме дека е неетички, а сепак е законски дозволиво, нема да продуцираме дополнителни омрази или ширење на непријателства, затоа што наша определба е, како за овој договор така и за многу други прашања, да градиме консензус по прашањата, посебно по реформите, по важните национални интереси. Но она што е незаконско дејствие, без разлика дали е во владата, или во било кој ресор, министерство, агенција, јавно претпријатие, обврска... И според законот, но и наша етичка обврска е веднаш да се процесуира до надлежните институции.
Медиуми: Пр. 4: Министерката за надворешни работи на Бугарија пред некое време изјави дека во договорот не е прифатен македонскиот јазик. Дали од тогаш нешто е сменето или тоа стои сè уште во договорот?
Заев: Јас градам едно партнерство како прв човек во Владата на Републиика Македнија, заедно со владата, парламентот, но и сите наши граѓани. Градам добрососедство, добрососедска сорабтока, и ќе бидам максимално внимателен во изјавите, и само ќе кажам: Договорот ќе биде потпишан на Македонски јазик согласно уставот на Република Макеоднија, и на бугарски јазик согласно уставот на Република Бугарија. И ќе биде потпишан во два ппримероци. Едниот е на Македонски јазик, другиот е на бугарски. Мојот потпис ќе стои и на договорот на Македонски јазик и на тој на бугарски јазик. Потписот на премиерот Борисов ќе стои на договорот на бугарски јазик, како и на тој на македонски јазик.
Медиуми: Јас ќе морам да го цитирам ставот 6 од членот 11 каде велите дека двете договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од институциите и агенциите и ќе се обесхрабруваат дејности на приватни субјеки насочени кон поттикнување на насилство омраза или други слични дејствиија кои би им наштетиле на нивните односи. Премиере, дали може да објасните што точно се предвидува овде , какви се тие ефикасни мерки бидејќи, беше коментирано во јавноста дека ќе се врши цензура во медиумите и ќе имаме проблем со слободата на говорот и изразувањето ?
Заев: Таман работа, скраја да е. Значи овој договор, меѓу другото, ги афирмира европските вредности, универзалните демократски вредности и слично. Еве начинот на транспарентноста денеска е токму тоа, медиумите да ја завршат својата работа и да го доближат овој договор до граѓаните. Тоа го правиме на најтранспарентен начин со отворени прашања до крај, додека после со јасно објавување на договорот, и во тоа име ја користам приликата, и благодарам на прашањето, да апелирам овој договор има наслов „Добрососедство, соработка“, сите ние да внимаваме , ако се случи на било кој начин ширење на омраза или квалификување од наша страна дека некој шири омраза, слично како што овде е истакнато, владата едноставно ќе се огради од ваквите постапки поради тоа што тоа нема да биде во духот на соработката и добрососедството за кое што денеска објавуваме и се злагаме. Јас сум убеден дека и нашите граѓани севкупно, пред сè одговорните во оваа наша Македонија ќе го сватат во суштина договорот, поради тоа што договорот не треба да биде само текст ставен на хартија, тој треба да има душа, пријателството да го унапредиме, да овозможиме договорот да има дух и поголем од тоа што самиот текст дава во функција на позитивни аспекти на унапредување на соработката од секаков аспект. Јас верувам и ги почитувам правата и погледите на сите, тоа се многу често и различни од моите, на некои поединци во Македонија. Тоа го почитувам секако, но посакувам длабоко во себе и од мое име, и од името на владата ја испраќам пораката да водиме грижа на овој договор да му дадеме позитивна душа. Овој договор ги отвара перспективите и навистина јас очекувам дека навистина сите да водиме грижа да се однесуваме кон соседна Бугарија, но и кон сите наши соседи и кон сите наши пријатели исклучиво пријателски, со дозволена доза на внимание, притоа секако заштитувајќи си ги нашите посебности, нашите интереси и слично. Секогаш да даваме аргументации, и ако се случи било што, емитувано, пласирано од страна на медиумот, владата знаете, согласно закон, најмногу што може е да се огради со став на влада кој што не е ист со ставот на некој медиум.
Медиуми: Во врска со член 11 став 4, на кој се вели, секој од договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани на територијата на другата договорна страна во согласност со меѓународното право. Дали ова значи дека тука е вклучено и барањето на опозицијата, и ако е ова така, понатаму, дали Република Македонија ќе прави уставни промени, затоа што имаме соседни држави кои што оваа мерка ја имаат како уставно право, како на ример Република Албанија?
Заев: Право е на сите држави да се грижат за интересите на своите граѓани во други земји. Некои тоа го имаат дефинирано со устав некои не. Ние со промените на уставот, го немамае повеќе тоа право. Не постои. Но, тоа не значи дека Република Макеоднија не треба да се грижи за правата на своите граѓани било каде во дијаспората, односно надвор од Република Македонија. Тоа, уште еднаш, е суштината на самата точка од членот 11 од договорот кој вика „во согласност со меѓународното право“. Република Макеоднија и Република Бугарија имаат преземено обврски согласно меѓународното право, а тоа значи и обврски за правата на своите граѓани кои што живеат надвор од територијата на државата од каде што потекнуваат.
Медиуми: Господине премиере, рековте дека овој договор значи сериозен чекор напред кон една подобра заедничка иднина на младите од Македонија. Но, знаеме дека многу млади од оваа држава извадија бугарски пасош, впрочем и многу семејства. Дали со овој договор всушност би се стопирала оваа појава која што сериозно ја загрозува демографската структура во Македонија, бидејќи многу Македонци јавно се декларираат за бугари?
Заев: Јас би сакал денеска да објавам дека тука застанува миграцијата на младите од Македонија било каде кон светот. Тоа за жал не е така, но тоа е во правец кон таа конечна цел што сакаме да ја постигнеме. Овој договор, меѓу другото, ќе помогне и конечно таа миграција да биде стопирана. Зошто? Договорот не прибижува кон ЕУ и НАТО, договорот отвара, како што напоменав цел сноп, едно купче на перспективи за Република Македонија, кои што се однесуваат на сите наши граѓани, а секако најмногу на младите генерации. Зголемената трговска размена со Република Бугарија, сигурно ќе значи и повеќе работни места. Бизнис повеќе за младите, размена на културни вредности помеѓу младите, транзитирање и туризам посебно помеѓу младите. Сето тоа создава амбиент повеќе кај младите во функција на нивната одлука да останат дома и да не ја напуштаат својата земја. Во таа смисла, договорот има многу бенефити и предности за Република Македонија. Една од тие предности е што тежнее, и е од огромна помош кон севкупната аспирација на Република Македонија да ја сопре тенденцијата на одлив на млади луѓе надвор од државата.
Медиуми: Сакам да прашам дали овој договор ќе биде од обврзувачки карактер, бидејќи бугарските медиуми веќе го најавија тоа. Кога ќе биде потпишан? На први или на втори август, и што значи ова Комисија за историски и образовни прашања на паритетна основа за да придонесе за објективно и засновано на заеднички... и така натаму. Која е таа заедничка историја?
Заев: Еве вака. Договорот ги има сите права и обврски откако ќе биде ратификуван, како и секој договор кој што е билатерално потпишан, исто како и мултилатералните договори кои што Република Македонија ги има потпишано. Договорот може секогаш еднострано да се раскине, и тоа е дадено како можност, ако некоја од двете страни биде загрозена. Јас се надевам дека тоа никогаш нема да се случи. Договорот има свој дух кој што треба понатаму да биде следен, а, меѓу другото, има на две места формирање на комисии. Едната е мултидисциплинарна, за која што прашувате. И гледате дека таа е должна да доставува извештај за своето работење. Значи, вели: „Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за своето равботење пред владите на договорните страни“. Тоа апсолутно нема обврска за ниту една од страните, но треба да ги следиме таквите извештаи, зашто навистина ќе ги унапредуваат односите помеѓу двете земји. Денеска можеби немаме ние проблем во областа на дигитализацијата, но можеби ќе излезе. Треба да ги следиме ваквите потреби преку ваквите комисии и слично. Целта е, токму ваквите комисии да ги отстрануваат пречките што создаваат непријателство и антагонизами и наместо тоа, да надоградуваат само приајтелство и отварање на перспективи. И во делот на она што е дефинирано, а што го споменавте, е јасно дефинирана реченицата: „Имајќи ја во предвид заедничката историја која што ги поврзува двете држави и нивните народи“. Тоа многу кажува, сè е внатре, како што спомнав и порано, и денеска ќе спомнам. Заедничката историја ќе биде историја која што ќе не обединува, и никогаш повеќе да не нè разделува. Навистина да ја гледаме чашата полуполна, да гледаме во перспективите и во интересите на граѓаните на република Македонија и вопшто на Република Македонија.
Медиуми: Дали е договорено каде и кога ќе се потпише договорот? Дали може на Мечкин камен да се потпише, или тука во владата? И уште едно прашање надвор од темата, за струшката депонија морам да прашам. Дали има намера владата, заедно со локалната самоуправа, барем привремено решение да се најде, барем физичко обезбедување за да не се пали депонијата, бидејќи страшно е таму. Цел град е обвиткан во магла, а сите си ја префрлуваа одговорноста. Дали нешто конкретно се презема за решавање на проблемот?
Заев: Благодарам. Значи договорот планираме да го потпишеме на први август, а штом е на први август веројатно ќе е во Скопје, поради тоа што втори август се чествува на неколку места, меѓу кои и на Мечкин камен. Значи договорот ќе биде потпишан овде, во владата на Република Македонија на први август.
Во врска со депонијата. Една од точките на дневен ред, на работниот состанок помеѓу владата и Општина Струга беше токму и депонијата. Ги понудивме сите наши ресурси и капацитети да асистираме и да помогнеме на општна Струга во функција на решавање на депонијата. А тоа е дополнително финансиски да го помогнеме надгледувањето преку камери, доколку треба да се зголеми, и директно ние да финансираме времен ангажман на лица кои тие ќе ги сугерираат за дополнително да ја чуваат депонијата. Тие рекоа дека веднаш по состанокот ќе се повлечат и за неколку дена ќе изнајдат решение и ќе ни ги предложат. Владата има вакви механизми преку кои времено ќе ангажира граѓани од Струга кои што би направиле дополнителен мониторинг. Сомневањата се дека постојат две причини, ги кажувам соменвања затоа што не се потврдени со докази. Една од причините е, за жал, палење на депонијата, се надевам дека не е така, но еве и преку ваков ангажман на лица кои што би ја обезбедувале континуирано 24 часа депонијата, би се остварила таа можност. Второто сомневање е дека од присутните стакла на депонијата, преку сончевите зраци, присуство на природен гас, лесно доаѓа до запалување на самата депонија. Овие се времени решенија додека не се најде трајно решение за депонијата. Значи уште еднаш потенцирам и за јавноста, владата стои комплетно на располагање, со сите механизми и алатки коишто и стојат на располагање, да помогне во асистирањето за решавање на овој проблем.
Медиуми: Во договорот секаде се само обврски кон Република Македонија, а никаде нема обврски кон Република Бугарија во истиот овој договор?
Заев: Секаде се обврски за двете страни. Проверено. На едно место има нереципроцитет каде што вика Република Македонија има обврска..., но на друго место исто така има нереципроцитет каде што вика САМО Република Бугарија има обврска...
И тука е усогласен целиот вкупен реципроцитет на самиот договор, и на крајот, она што претставува нереципроцитет и само Република Македонија презема обврска, го има исто така дополнително во точка 4: „Секоја од договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата договорна страна, во согласност с меѓународното право“, како што апсолутно го дообјасннува точка 5 од членот 11 но и членот 14: „Овој договор на никаков начин нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори чии страни се договорните страни“. Апсолутно има комплетен реципроцитет на преземање и на права и на обврски на двете договорни страни.
Медиуми: Во Член 11, став 5, пишува дека само Република Макеоднија потврдува дека ништо од нејзиниот устав не може да се употреби и толкува против другата држава. Нема таков став или член за Република Бугарија?
Заев: Има ќе го видите во договорот, има каде што само република Бугарија презема обврска, а тоа е помагањето на Република Макеоднија комплетно кон нејзината интеграција во НАТО и ЕУ во споделување на сите искуства, капацитетти и ресурси, а истовремено веќе ви одговорив за членот 5, како е тоа решно со антиципативност на точка 4, за самата точка 5, и преку членот 14. Апсолутно и самата суштина што е на точка 5. Не може и не треба да се толкува дека претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија. Македонија нема аспирации во мешање во внатрешни работи во ниту една земја. Нашиот Устав е демократски и ги дава и правата и обврските. Македонија нема ниту потреба, ниту сака, ниту има интенција да се меша во внатрешните работи ниту на Бугарија, ниту на која било соседна или друга земја во светот.
Медиуми: Бугарија со сите изјави, и со сите високи политичари, и со овие, т.н. историчари, се мешаат во внатрешните работи на Македонија?
Заев: Тоа се поединечни изјави на поединци и јас не би ги толкувал. Денес се радувам на една убава работа која што отвара перспектива, а Република Бугарија презема обврска, прочитајте го договорот, тоа е членот 14, каде што во суштина претставува обврска за сите кои што потпишале меѓународни договори, вакви биалтерални договори, или слични други договори кои што апсолутно значат и тоа.
Медиуми: Дали претседателот на државата, Иванов, е консултиран за договорот? Бидејќи се испреплетуваат надлежностите?
Заев: Ние градиме добра кохабитација со Претседателот на државата. Секако, тековно го информиравме постојано преку министерот за надворешни работи со кој што одржа состанок. Пред посетата на Бугарија, јас и министерот за надворешни работи, бевме на двочасовни консултации кај претседателот на државата токму по ова прашање. Мислам дека вчера, или завчера, беше одржана средба помеѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата во поглед на ова. Неговата сугестија дојде и јавно, да го објавиме овој договор транспарентно и еве, и тоа го почитуваме. Секако тоа е и наша обврска пред граѓаните, но го следиме и ваквиот дух. Ние, во суштина, искрено сакаме национален консензус за ова прашање, кое што апсолутно е од посебна позитивна важност, и од општо добро за Република Макеоднија и за сите нејзини граѓани.
Медиуми: Во 2012 година, Бојко Борисов изјави дека Бугарија нема да прифати договор на Скопје со Атина, кој би бил на штета на Софија. Дали овој договор има влијание на овој негов став?
Заев: Не би можел да прејудицирам вакви работи. Но, ако нешто може или не може да се случи, овој договор тежнее кон тоа дека помала е веројатноста да не се случи такво нешто. Затоа што договорот тежнее кон унапредување на добрососедството и унапредување на сорабтоката меѓу двете земји. И не само тоа, јас ги гледам изјавите на премиерот Борисов. Тој се става комплетно во улога, како премиер на владата на Бугарија, сите институции навистина да ѝ помогнат на Република Македонија, а не да ѝ одмогнат.