Состојба со пожарите во Република Македонија до 13:00 часот (09.08.2017)

Скопски регион

  • Пожарот кај с. Градманци (опш. Петровец) е сè уште активен. Теренот е непристапен и неопходна е интервенција од воздух. Гори нискостеблеста шума, зеленика и дабова шума. На лице место упатена е и екипа која што ќе дејствуваа од земја, со цел пожарот да се контролира.
  • Пожарот кај с. Никиштани (опш. Ѓорче Петров) е активен, но е под контрола, гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева.

Охридски регион

  • Во општина Дебар, пожарот над село Бањиште на подножјето на планината Крчин, е ставен под контрола.
  • Во општина Македонски Брод, пожарите во атарите на селата Близанско, Калуѓерец, Могилец, Растеш и Волче се локализирани.
  • Во атарот на с. Заград има мало жариште на м.в. Секулово гумно, кое вчера беше локализирано со хелихоптер, но поради силен ветар пожарот се разгорел и проширил, па затоа упатени се нови сили од ШС „Сандански“ – Македонски Брод.
  • Нов пожар има во атарот на с. Грешница и се интервенира од страна на ЈП Македонски шуми.

Велешки регион

  • Пожарот во општина Чашка, кај м.в. Јасеновска глава е активен и со истиот зафатена е нискостеблеста шума и сува трева. Интервенираат лица од ШС Велес, а во функција е и хеликоптер на АРМ.
  • Во општина Кавадарци, пожарот на подрачјето на с. Галиште, е ставен под контрола.

Прилепски регион

  • Пожарот во с. Никодин (прилепско) сè уште е активен и гори во уредена шума.
  • Пожарот кај м.в. Слива, кај манастирот Писокал „Св.Илија“ кој се појави вчера е предизвикан од удар на гром. Зафатена е поголема површина на неуредена шума и интервенираат од страна на ТППЕ од Прилеп и ШС Црн Бор.

Тетовски регион

  • Пожарот над с. Копанце кој вчера беше локализиран, повторно е активен на мала површина над с. Копанце. Гори сува трева и ситна деградирана шума и нема опасност по објекти и квалитетна шума. Интервенираат лица од Ш.С. Лешница.