МНР: Немаме информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона
До 20:30 часот немаме информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона.
Земајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релевантните институции, но македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани.
Важни телефони:
00 34 620 126 308 - број на претставник на македонска амбасада во Шпанија
00 34 932 142 124 - број од шпанските институции за информации за засегнати роднини / пријатели