Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората вчера оствари средби со жителите на Ростуше, Центар Жупа и Дебар.На овие средби министерот Адеми ги истакна конструктивните чекори кои Владата на Република Македонија ги презема за дијаспората.
Министерот нагласи дека од взаемен интерес е градење на мостот кој ќе ги поврзува дијасората и Република Македонија се со цел втемелување и вистинско инволвирање на дијаспората.На овие средби имаше наши иселеници кои работат и живеат во Европските и прекуокеанските земји со кои беа разменети и дебатирани многу прашања,решенија и предлози кои се од особена важност.