Предлог студии по ромски јазик, нова образовна политика за младите Роми во Република Македонија
Додипломски студии по ромски јазик и студии за наставници-Роми како нова катедра на Педагошкиот и Филолошкиот факултет е една од иницијативите за која денеска разговараа министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимоски, министерката за образование и наука Рената Дескоска и Љатиф Демир, основач на Катедрата и професор по Ромистика на Филозофскиот факултет во Загреб.
На средбата беше дискутирано за досегашната состојба со вклученоста на Ромите во високообразовниот процес, како и за мерките кои би требало да се преземат за зголемување на таа бројка.
Од страна на министерката Дескоска беше позитивно оценет предлогот на министерот Ибраимоски дека треба да бидат отворени нови студии по ромски јазик и студии за наставници-Роми, за што дополнително ќе се разговара со деканите на Педагошкиот и Филолошкиот факултет во Скопје.
Како што истакнаа и двајцата министри и професорот Љатиф Демир ова е само почеток на една нова образовна политика за младите Роми во Република Македонија.