[МКД - ENG] Македонија е посветена на градење добрососедски односи, Владата ниту дала наредба ниту извршила разузнавачки дејства против соседна земја

Владата на Република Македонија ниту имала намера, ниту дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства, против и на штета на некоја од нашите соседни земји, вклучувајќи ја тука и Србија. Ниту пак некогаш ќе размислуваме во оваа насока. Институциите на државата работат согласно законот за заштита на уставниот поредок и на граѓаните на Република Македонија.

Впрочем, токму луѓето во оваа Влада ги почувствувале последиците од незаконско прислушкување и добро знаат што значи тоа.

Суштината во пристапот кон регионалната соработка на новата Влада на РМ се темели на решавање на проблемите кои постојат во регионот наспроти создавање на проблеми - тоа е политика на отворени врати и решенија. На нов отворен и конструктивен пристап кон соседите. Тоа се решенија кои водат кон унапредување на добрсоседството, соработката и партнерството со другите земји од опкружувањето.

Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред кон перспективите кои ги носат европските, и за оние земји и народи кои тоа го сакаат евро-атлантките интеграции. Успехот на нашите соседи е наш успех. Нашиот успех е успех на нашите соседи.

Доколку постојат било какви недоразбирања, сметаме дека вистинскиот начин тие да се адресираат е директен разговор, дијалог. Јас како министер за надворешни работи на Република Македонија, уште доцна попладнето во неделата, кога ја добив нотата на Амбасадата на Србија, веднаш му се јавив на министерот Ивица Дачиќ, не успеав да го добијам. Телефонски разговор побаравме вчера и преку нашиот амбасадор во Белград, и добро е што има најави и од другата страна дека таков разговор ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден,  со колегата Дачиќ ќе имаме прилика да оствариме разговор. Владата на Република Македонија уште еднаш ги поздравува најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаените рамки.


English language version of the MFA Nikola Dimitrov's press stament:

Macedonia is dedicated to building neighbourly relations, The Government has not ordered or executed any counterintelligence activities against a neighbouring country

The Government of The Republic of Macedonia never had an intention, issued an order or instruction, nor has executed any counterintelligence activities, against or at the expense of any of our neighbouring countries, including the Republic of Serbia. We have never thought or acted in this direction. The institutions of this country work in accordance with the law for protection of the constitutional order and the citizens of the Republic of Macedonia.

Actually, the people in this Government have experienced the consequences from the illegal wiretapping and are well aware what it means.

The essence in the approach to regional cooperation of the new government is based on solving the existing issues in the region instead of creating problems – it is a policy of open doors and solutions. It is a new, open and constructive approach towards our neighbours. Those are the solutions that lead towards improving the good neighbourly relations, the cooperation and partnership with other countries in the region.

We are convinced this is the only path for the region to decisively move forward toward the perspectives of the European, and for the willing countries and people, the perspectives of the Euro-Atlantic integrations. The success of our neighbours is our success. Our success is a success for our neighbours.

If there are any misunderstandings, we believe the right way to address them is through direct dialogue. As a Minister for Foreign Affairs of The Republic of Macedonia, I tried calling Minister Ivica Dačić right after I got the note from the Embassy of Serbia on Sunday afternoon, but I did not manage to reach him. Yesterday, we asked for a telephone meeting through our Ambassador in Belgrade, and it is good that there are announcements from there that we will have the chance to speak to my colleague Dačić. Once again, The Government of The Republic of Macedonia respects and supports the announcements from official Belgrade for protection of our bilateral relations and restoring the standard code of conduct.


Прашања и одговори од прес-конференцијата:

Пр. 1: Дачиќ денеска рече дека знае што сте се договарале, и што сте се договориле. Што сте се договарале, што сте се договориле и со кого?

Никола Димитров: Ние мислам дека, граѓаните на РМ и граѓаните на РС, во името на сето она што не поврзува, во името на, се надевам, заедничката европската иднина, двете земји се стремиме кон ЕУ, заслужуваат на вакви теми да не се дебатира и да не се разговара врз основа на шпекулации. Затоа дијалогот е многу важен, затоа дипломатските канали се многу важни. Ние преку нашата амбасада во Белград побаравме официјална информација за настанот и ќе биде лошо ако носиме избрзани заклучоци пред да добиеме таква информација.

Така што и ние сакаме да дознаеме со кого и што.

Пр. 2: За каква офанзива на амбасадата зборуваат од Србија?

Н.Д.: На дваипол месеци од нашиот мандат, единствената офанзива која што ја превземаме е офанзивата за развој на пријателство на Балканот. Сите спорови и сите дилеми ги гледаме низ таа призма. Убедени сме дека или ќе успееме сите заедно, или нема да успееме сите заедно.

Во таа насока е и договорот за пријателство со Бугарија, во таа насока е и договорот да имаме заедничка седница на владите со Република Албанија, во таа насока беше и мојата прва официјална посета на Атина. Тоа е единствената офанзива кон која што се водиме.

Мислам дека заклучоци врз основа на шпекулации може само да наштети. Ние сме должни кон важноста на ова прашање и значењето кое што го придаваме на нашето пријателство и блиски односи со Србија, да бидеме трпеливи и да дочекаме да видеме за што се работи. Да добиеме официјална информација, да ја анализираме и потоа ќе споделиме со македонската и светската јавност повеќе детали околу ова прашање. Меѓутоа мислам дека шпекулирање сега без таква официјална информација само може да наштети.

Пр. 3: Како што можев да разберам, македонската влада сѐ уште не знае за што точно Србија и се лути. Така?

Н.Д.: Како што спомнав во првиот момент, уште во неделата, бидејќи немаме што да криеме, Република Макеоднија и оваа Влада нема тајни од овој тип, бевме изненадени од таа одлука и таа дипломатска нота. Ние уште не сме имале директен разговор. Должни сме кон значењето на ова прашање да бидеме трпеливи и да дочекаме информација, и затоа е многу убаво што утре ќе имаме прилика за таков разговор. Затоа е и добро што постојат дипломатски канали. Службите исто, би било убаво, да седнат да поразговараат. Вака само би можеле да направиме некоја беља. А ние сме во функција на решавање на проблеми.

Пр.4: Кому може да оди во прилог ова однесување на српските власти?

Н.Д.: Тоа е исто на некој начин хипотетичко прашање, и не знам дали е многу мудро од моја страна да шпекулирам. Дали се работи за некаквио недоразбирање, дали се работи за некаков план... Убеден сум дека штом имаме контакт, работите многу брзо ќе си дојдат таму каде што беа, а можеби и ќе успееме да извлечеме корист и Србија и Македонија од овие два три дена, и работите уште повеќе да ги унапредиме од до таму до каде што беа до саботата. 

Пр. 5: Сите ги видовме насловните страници на српските медиуми кои го обвинуваат господинот Заев дека им забил нож на Србите. Дали можеби ова има политичка позадина? И уште едно прашање во врска со грчкото соопштение поврзано со Јовица Палашевски кој што според нив држел говор пред мапата на голема Македонија. Дали размислувате да преземете нешто во овој правец?

Н.Д.: Првото прашање ви е прилично блиску до претходното прашање. Не мислам дека е корисно да се обидуваме да нагаѓаме кои се позадините.

Медиумите, како што сакаме да се слободни кај нас, така најверојатно се слободни и во Србија, од типот нивниот уреднички избор на насловни страници и така натаму. Основната суштина на зрелоста што се роди во нашето општество, на 27 април особено, е дека, во ситуација кога светот се соочува со несигурност, во ситуација кога Европа има редица кризи, еврозоната, финансиската криза, бегалската криза, Брегзит, итн, време е на Балканот да излеземе од традиционалните перспективи на закопани ровови, да си подадеме рака бидејќи заедно можеме многу да направиме, време е да покажеме дека знаеме дека е 2017 година.

Затоа оваа влада, покрај силната 3-6-9 домашна реформска агенда, се обидува овој дух да го рашири на целиот Балкан. Затоа и договорот беше поздравен како инспирација за целиот Балкан од страна на Комесарот Хан и Високата претставничка Могерини.

Второто прашање, мислам дека е време и на тоа да се договори. Ние со нетрпение го очекуваме идниот четврток грчкиот министер за надворешни работи,  Коѕијас. Овие денови заедно ќе соработуваме во однос на агендата, и во однос на мерките за градење взаемна доверба. Јас како министер за надворешни работи нема да дозволам излети кои се против Уставот на РМ. Нашиот Уставот вели дека меѓународните договори кои што ќе ги склучиме се дел од домашниот правен поредок, и тие ќе се почитуваат. Македонија има интерес да ја почитува времената спогодба со Република Грција од 1995 година.

Како што нема да дозволам кадровските решенија да ги диктира друга држава, така нема да дозволам и грешките да се пикаат под килим. Сликањето, иако тоа не е во организација на Генералниот конзулат во Торонто, меѓутоа, сликањето со мапа која што навлегува во територијата на Република Грција, не е политика на МНР на РМ и не е политка на Владата на РМ.

Исто толку колку што нас би не засекирало и би не наљутило, друга држава или претставник на друга држава да биде сликан на настапи каде што има иконографија на наша соседна држава која навлегува на наша територија.

На случајот уште се работи. Ќе го повикаме, или мислам дека денес го повикуваме Генералниот конзул на консултации. Јас ќе формирам комисија која што ќе ја утврди одговорноста. Впрочем и претходната Влада, и мојот претходник, неколку месеци пред политичката промена во РМ имал инструкција до дипломатско-конзуларните претставништва на РМ на оваа линија. Ова нас не ни оди во прилог. Oва не е наша политика. Ние сакаме да влеземе во НАТО. Тоа значи дека утре Грција треба да ни биде сојузник, и ние, Република Македоинија на Грција треба да и бидеме сојузник, и затоа сакам многу јасно овде да направам една линија, дека во иднина вакви излети уште поригорозно ќе ги третираме и нема да ги толерираме.

Судбината на оваа држава и интересот на граѓаните на РМ се преважни  за некој да направи ваква грешка.

Пр.6: Кој е ставот на МНР и владата за пратеникот Стоиљковиќ кој што со документ беше поврзуван дека работи со српски разузнавачки служби?

Н.Д.: Тоа прашање веројатно би било посоодветно да биде упатено до МВР. Тој е пратеник, има и политички димензии, не би сакал да го коментирам.

Пр. 7: Постојано се зборува за некакво гласање во Унеско и како сето тоа се поврзува со сето оваа ситуација со Србија?

Н.Д.: Имаше разноразни шпекулации по медиумите од регионот околу тоа. РМ не е во позиција да има некаква водечка улога по тоа прашање, бидејќи тоа прашање е важно и за нашиот сосед Србија и за нашиот сосед Косово. Ги дели, бидејќи имаат суштински разлики по однос на тоа прашање, и сето тоа мора да го имаме предвид. Ние никако не сме во ситуација да имаме некаква водечка улога. Мислам дека како елементи во градењето на нашиот став по ова прашање, ќе биде интересот на Белград, ќе биде интереот на Приштина,  и ќе биде интересот, пред сѐ, на Република Македонија. Не знаеме кога ова прашање ќе биде на дневен ред. Можно е ова прашање да биде на дневен ред идната есен. Многу работи можат да се сменат до идната есен. Можеби ќе има и некаква промена на ставовите на инволвираните страни, така што освен елементите не би сакал да бидам многу подециден и попрецизен сега, денеска. Да видиме кога ќе биде тоа прашање и тогаш ќе бидеме многу појасни.

Пр. 8: Какви се вашите очекувања од меѓнародната заедница за оваа ситуација во однос на обвинувањата дека имало разузнавачки активности на Македонија кон Србија? Какви се вашите очекувања за реакциите на европските партнери?

Н.Д.: Владата на Република Македонија ниту имала намера, ниту дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства,  против и на штета на некоја од нашите соседни земји, вклучувајќи ја и Србија. Ниту пак некогаш ќе размислуваме во оваа насока. Институциите на државата работат согласно законот за заштита на уставниот поредок и на граѓаните на Република Македонија.

Ако одиме во шпекулација кој би можел да биде, ако воопшто нешто се правело, можеме само да направиме повеќе лошо од добро. Да видиме за што се работи, да отвориме директен дијалог, пред сѐ носејќи се со идејата дека и Србија и Македонија имаат интерес да бидат блиски и да соработуваме. Ние сме многу блиски. Бевме заедно во поранешна Југославија. Ќе бидеме заедно во ЕУ. Немаме интерес да имаме вакви односи со Србија, и убеден сум дека Србија нема интерес да има вакви односи со Македонија. Јас со нетрпение ја очекувам посетата на Берлин, ќе одам таму на средба со мојот колега, и на други средби и јавни настапи итн. Тоа е непосредно пред германските избори. Ние, целиот Балкан, многу очекуваме од Германија, еден од главните мотори и на Европа и на Берлинскиот процес, којшто многу се бави со нас. Последниот самит беше многу плоден во Трст, во Италија. Што точно ќе побарам? Ќе побарам две работи. Одлучноста што се роди во Македонија излегувајќи од кризата, да успееме да ја искористиме ова како втора шанса да направиме нешто од нашата држава. Да направиме европска демократија со која што ќе владее правото, е шанса и за Европа и за Германија. Да покажат дека можат не само да помогнат да се стопира  кризата да оди подлабоко, туку да помогнат и кога има добри работи и добар развој да се донесе работата до конечен успех.

Во однос на второто прашање дали ќе барам некаков конкретен ангажман итн, мислам дека е многу поважно да обезбедиме Македонија да почне пристапни рпеговори, а ќе оставиме на тоа каква форма ќе има таа поддршка штом ќе стигнеме во тој момнет и согласно интересите на земјите каде што одиме. Во секој случај нашата реформска лекција мислам дека ја научивме. Лекцијата за Европа треба да биде дека е рискантно и штетно една земја да се остави во чекалната и зад затворени врати, и во однос на ЕУ и во однос на НАТО, премногу време. Примарната одговорност за тие заклучени врати  ја имаме ние и соседите со кои што имаме прашања, во конкретниов случај особено Грција.  Меѓутоа и европската политика има минус на некој начин за таквата ситуација. Затоа убеден сум дека и за Европа и Грција, ова шанса да помогнат за да имаат една европска демократија како сосед.