Крешник Бектеши: Евтината струја ќе го зајакне семејниот буџет на граѓаните
Денес сме тука да соопштиме една многу очекувана вест за сите граѓани на Република Македонија, а особено за граѓаните кои досега имале финансиски тешкотии за редовно исплаќање на сметките за електрична енергија.
Според сугестиите на Владата на Република Македонија, Регулаторната комисија за енергетика во соработка на релевантните институции, како што е Министерството за економија, претставниците на Владата и компаниите за енергетика, изготвија севкупна анализа со што направија правна, економска, финансиска проценка, оценувањето на обврските кои произлегуваат од договорите каде Република Македонија е членка, за да се увидат сите можни ефекти за воведување на евтина тарифа на струјата за домаќинствата во Република Македонија.
Важно е да се истакне дека главната цел на оваа мерка за домаќинствата е да се овозможи користење на електричната енергија со евтина тарифа од сите категории, особено од потрошувачите кои се загрозени, односно невработените, социјалните случаи, стечајците, пензионерите.
Што се однесува на финансиските ефекти сакам да истакнам дека со воведувањето на евтината тарифа на електричната енергија, за 2017 година нема да има зголемување на цената на електричната енергија , туку истата ќе се компензира со ефикасна работа која ќе ја спроведат енергетските компании.
Како што знаете, врз основа на методологијата за одредување на цената на електричната енергија, Регулаторната комисија за енергетика секоја година на 1 јули усвојува нови цени на електричната енергија. Што се однесува на 2018 година, важно е да се потенцира фактот дека цената на струјата ќе се определи од неколку фактори и од податоците што ќе ги достават енергетските компании до Регулаторната комисија за енергетика, од трошењето на електричната енергија, особено во зимскиот период, од цените од слободниот пазар, либерализацијата на пазарот и многу други релевантни фактори.
Една многу важна димензија во воведувањето на евтината тарифа за електрична енергија, е делот на енергетска ефикасност. Во својство на министерот за економија, сакам да ги информирам граѓаните дека Република Македонија го усвои Третиот Aкционен план за енергетска ефикасност, како една од обврските што произлегоа од повеќето обврски што ги имаме како држава од овој важен договор.
Како министер одговорен за креирање политики од енергетиката во државата, сакам да соопштам дека ќе продолжиме со усвојување на програмите и плановите за подобрување на енергетската ефикасност во секторот на градежништвото, транспортот, трговијата, индустријата и услугите зајакнувајќи ги мерките и разните активности за подобрување на енергетската ефикасност и подигнување на свеста на сите учесници за да го рационализираат што поефикасно користењето на електричната енергија во Република Македонија.
Тука е важно да се истакне дека сите граѓани преку информативните кампањи имаат за цел порационално да користат на електричната енергија во сите аспекти од секојдневието.
Министерството за економија ќе продолжи финансиски да ги поддржува двете мерки што влијаат во подобрување на енергетската ефикасност и тоа со финансиска поддршка за поставување на соларните колектори за топла вода и за промена на дрвените со ПВЦ или алуминиумски прозорци. Буџетот за 2018 година ќе го дополниме со уште една нова програма за сите граѓани. Станува збор за купување на шпорети за греење со ефикасно согорување.