Анѓушев: Лага е дека ќе поскапи струјата
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, по повод Денот на рударите, денеска беше во рудникот Бучим за да им го честита празникот на рударите.
За време на посетата, д-р Анѓушев одговори на новинарски прашања поврзани со актуелниот тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола, распишан од ЕЛЕМ.
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, објасни дека минатото раководство на ЕЛЕМ имаше распишано тендер за ископ во РЕК Битола, дека на тој тендер имало негативно поддавање:
„Овде морам да кажам дека Владата на Република Македонија, и сите јавни претпријатија, мораат да работат согласно законите во државата. Во моментот се анализираат сите понуди што конкурирале на тендерот, вклучувајки ја и компанијата што дала најповолна цена, и при тоа, доколку нивната понуда е во колизија со законите, таа понуда ќе биде одбиена. Доколу нема такво нешто, јас би се фокусирал на две други прашања. Првото е зошто судот ја отфрли блокадата за на сметката на таа компанија, кога веќе било утврдено дека нејзиното работење не било во согласност со законот, и второ, зошто претходното раководство на ЕЛЕМ, кога веќе беше разотркиен таквото работење на таа компанија, распиша тендер во кој не објави негативна референца, согласно Законот за јавни набавки, за оваа компанија. Мислам дека одговорите треба да се бараат во тие две насоки“, истакна Анѓушев.
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања нагласи дека „најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто истата компанија до вчера наплаќала од 90, а во одделни ситуации и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а денеска истата компанија е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари. Моето прашање е каде завршила разликата од тие пари, и зошто тие цени не се остигнувани и претходно?
Мислам дека сите прашања, поврзани со оваа работа, со цената на струјата, и со сите активности со околу цената на струјата, во последниот период се само оттргнување на вниманието од ваквите, би рекол нелогични постапки, а за тоа има и институции кои што треба да испитаат дали се криминални дејствија што се случувале во енергетскиот сектор во Македонија.“
На прашањето кое е неговото мислење за ваквата понуда на тендерот, тој рече:
„Јас претпоставувам дека никој не би работел со загуба, и претпоставувам дека сега, со една транспарентна постапка и чесен пристап, ќе дојдеме до реални цени на работењето. Заштедите што ќе се постигнат во енергетските компани, за кои гледаме дека има простор, ќе бидат трансферирани кај граѓаните на Република Македонија, во облик на евтина тарифа на струјата, и во други придобивки. Лага се сите информации околу покачувањето на цената на струјата. Тоа е само одвлекување на вниманието на македонската јавност од вистинските теми. А, вистинската тема е дека се врати евтината тарифа на електричната енергија, таа што ја укина претходната Влада, која денеска ја враќаме како придобивка на сите раѓани. Вистина е, исто така, дека во јуни оваа година се бараше покачување на цената на струјата за 6 отсто, но наместо тоа, цената се намали.
Ја информирам јавноста во Република Македонија, дека цената на струјата во иднина, воопшто не е тема. Некој сака да ја пласира како тема за да задскрие други активности кои народот бргу ќе ги види. Македонскиот народ е интелигентен и на таквите лаги нема да потклекне.“