Владата на Република Македонија не ги одобри извештаите на поранешните членовите на УО на МИА, недоволно се ангажирале во Управниот одбор на агенцијата

Владата на Република Македонија на денешната седница ги усвои извештаите за работењето на Македонската информативна агенција (МИА), како и извештаите на годишната сметка и за финансиското работење на агенцијата за 2016 година, во кои е констатирано намалување на приходите, поради што владата препорача поголема независност во работата на агенцијата во 2017 година.

 

На денешната седница, владата донесе одлука да не ги одобри извештаите за работењето на членовите на Управниот одбор на МИА. Оваа одлука е донесена врз основа на преовладувачкото мислење во дискусијата на седницата на владата, според кое членовите на УО на агенцијата недоволно се ангажирале во работењето на Управниот одбор.