Рашковски: Кривична пријава за поранешниот Генерален секретар, го оштетил буџетот за над 800 илјади евра!

Прес конференција,
Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата на Република Македонија

 

Во однос на информациите коишто се појавија вчера и во однос на големиот интерес којшто го предизвика моето обраќање преку социјалните медиуми, дозволете да дадам неколку појаснувања како работите би биле многу појасни.


Ова се 7 решенија со коишто им престанува работниот однос на 7 вработени во Генералниот секретаријат потпишани од претходниот генерален секретар Кирил Божиновски на 01.06.2017.


Причината поради којашто престанува работниот однос без никакво покренување на посоодветна постапка е истата онаа за која што зборував и вчера, а тоа е три дена последователно недоаѓање на работа во последните месец дена.


Оттука се поставува прашањето, бидејќи вчера се зборуваше за некаква селекција, како е направена селекцијата да од тој збир на 80 лица да само 7 во рамките на Генералниот секретаријат добијат отказно решение од причина што сите имаат еднаков третман пред законот и сите не доаѓале на работа во последните две, три или четири години.


Затоа сакам да упатам прашање до вас, меѓутоа ова нема да остане во вид на прашање, туку ќе ја покренеме соодветната постапка во многу брзо време, се надевам, и во текот на утрешниот ден, кога ќе биде покрената соодветна постапка за нанесување штета на Буџетот на Република Македонија во висина од 824 илјади евра.


Станува збор за одговоронст којашто ќе ја бараме солидарно од страна на работодавачот, односно Генералниот секретар, и од страна на работниците, коишто иако знаеле дека треба да доаѓаат на работа, иако знаеле дека совесно треба да ги извршуваат своите работни задачи, не доаѓале на работа.


Располагаме со писмена евиденција, и тоа како доказ ќе биде доставено до Јавното обвинителство, од којашто се гледа дека овие вработени, во последните 2, 3 или 4 години, зависно од тоа кој кога е примен на работа, еднаш во неделата во однапред подготвен распоред, доаѓале да се потпишуваат дека се присутни тој ден. Во останатите 4 дена немале никаква обврска. И во истиот ден кога доаѓале на работа, немале никаква друга обврска, туку едноставно требале да дојдат и да се потпишат.


За да бидат работите уште пострашни, овие вработени користеле годишен одмор, користеле платено отсуство, биле фиктивно оценувани за својата работа, и сите тие вработени добивале една иста сообразна оцена, оцена 3 од причина што според законот, со добивање на средна оцена, вие ниту одите горе ниту одите долу во своето напредување, туку останувате на истата позиција на којашто сте биле пред оценувањето. Значи станува збор за едно организирано делување, и во кооординација помеѓу претходниот Генерален секретар, вработените коишто земале плата и службите коишто го организирале таквото делување. Затоа според казнениот законик на Република Македонија ќе биде покрената соодветна постапка пред соодветните институции.


Дисциплинската постапка којашто е покрената од моја страна е во рамките на законски определените рокови. Испочитувани се максимално Законот за јавни службеници и Законот за работни односи, и слободно доколку некој смета дека е повредена некоја одредба од некој закон може да ја оспорува.


Дисциплинската постапка е запрена, не значи дека нема да продолжи, таа е запрена сè до завршување на локалните избори, согласно член 8б од Законот за избори.


По завршување на изборите, дисциплинската постапка ќе продолжи. Но, тоа не значи дека треба да го чекаме завршетокот на локалните избори, како би покренале соодветна постапка пред надлежните институции за утврдување на кривичната договорност, и за нанесување на штета на Буџетот од 824 илјади евра.


И друга информација којашто треба да ја знаете е дека овој број на лица кои низ годините наназад не доаѓале на работа, а биле примени во Генералниот секретаријат до 2015та година наваму се намалува и доаѓа до бројката од 60-тина луѓе, од причина што во 2015 година бројот на лица коишто не доаѓале на работа, а земале плата изнесувал 600.


Тие лица со текот на времето, како почнаа да се објавуваат политичките бомби, и како се осеќаше губењето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ се распоредувани по локалните самоуправи и по институции и јавни претпријатија коишто се во надлежност на локалната самоуправа.


Одговори на новинарски прашања

 

НП: Дали имате информација дека сите овие луѓе се вработиле во некоја друга институција како што рековте?


Значи да го објасниме процесот на преземање. Не зависи од административниот службеник дали ќе се префрли некаде или нема да се префрли. Едноставно, институцијата којашто има потреба од него треба да побара од институцијата кадешто е вработен. Затоа трансферот на овие лица и намалувањето на бројката од 600 на некои 60-тина е по принципот да, локалната самоуправа и Јавните претпријатија во рамките на локалната самоуправа, кадешто власт била ВМРО-ДПМНЕ, овие лица ги повлекувале сè со цел да го затскријат земањето на плата без овие лица да доаѓаат на работа.


НП: За колку лица има кривична?


Дисциплинска постапка е поведена против 60-тина лица, и против нив, бидејќи располагаме со докази, против нив и против поранешниот генерален секретар ќе биде покрената соодветна постапка.


НП: Господине Рашковски, до кој период земале плата? Веќе сте покренале дисциплинска постапка, ме интересира до кој период земале плата?


Тие лица, примаат и сè уште за жал плата, бидејќи законските можности не дозволуваат овие лица да бидат избркани од работа. Овие лица доаѓаат на работа но одбиваат вршење на било каква работа. Уште повеќе што вештината на задскривањето пред доаѓањето на новата власт во владата на Република Македонија, и пред моето доаѓање во генералниот секретаријат, овие лица имаат земено годишен одмор. Едно организирано злоупотребување на своите права, од кое се гледа дека очигледно било дека е во насока да се спречи нивно бркање од работа.


НП: Господине Рашковски знам дека вие зборувате за вашиот сектор, за Генералниот секретаријат, имате ли инфомрации како е по другите служби. По министерствата, јавни установи, Јавни претпријатија, Колку има?


Одоговот на тоа е дека всушност допрва ќе го добиете тој одговор. Тоа значи дека координацијата е во тек помеѓу ресорните министерства, секретаријатот за Охридски рамковен договор и уште неколку институции во рамки на владата и во најскоро можно време ќе го добиете прецизно и овој одговор за оваа бројка.


НП: Може ли тоа малку побрзо да се заврши? Да не го чекаме изборниот законик и сето тоа.


Да можеше ќе беше.


НП: Што значи дека против сите 60 лица кои се останати, кои ги споменавте, против сите се покренати дисциплински постапки?


Против сите се покренати дисциплински постапки, секако согласно законот за работни односи ова се застарени побарувања, меѓутоа согласно останатите законски прописи кривичната одговорност не е застарена и планираме целата оваа правна проблематика да ја прошириме, барем во делокругот на работење на Генералниот секретаријат, на останатите 540 лица коишто трансферирале во други институции. Така што, се надеваме дека Јавното Обвинителство ќе работи согласно законот, и ќе ја утврди одговорноста којашто е во форма на нанесување на материјална штета на буџетот на Република Македонија.