Премиерот Заев: Владата ги поддржува иницијативите за подигање на стандардите во болниците
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ја посети Градската општа болница „8-ми септември“, која денеска го прослави својот патронен празник.
Премиерот Заев, во придружба на заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, присуствуваше на свеченоста по тој повод и се задржа во куси разговори со раковдството и стручниот персонал на болницата.
Во оваа прилика беше истакнато дека Владата на РМ целосно ги поддржува иницијативите за подигање на стандардите во болниците што беа најавени од страна на стручниот и раководниот тим.