Премиерот Заев и денеска остварува повеќе средби со премиери и министри за надворешни работи на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамките на активностите на Генералното собрание на Обединетите на Нации во Њујорк, денеска ќе има билатерална средба со премиерот на Беглија Шарлс Мишел.


Премиерот Заев ќе присуствува и на приемот по повод кандидатурата на Германија во Советот за безбедност на ОН, за периодот 2019-2020 година, што, во име на канецларката Меркел, го приредува заменик канцеларот и министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Зигмар Габриел.


Во текот на денот предвидени се и други средби и разговори со влијателни гости на Генералното собрание на ОН, како и со американски политичари и тинк-тенк експерти од сферата на надворешните политики и меѓународните односи на САД.