Средба помеѓу министерот Зоран Шапуриќ и амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние

 

Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании, оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние.

 

Амбасадорот Тимоние изрази задоволство од напорите на Владата на РМ предводена од премиерот Зоран Заев за интензивирање на напорите за приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Беше констатирано дека е евидентно дека политичката клима во државата е многу подобрена, што ќе придонесе за подобрување на бизнис климата во РМ.

 

Амбасадарот покажа посебен интерес за мерките на Владата за поттикнување на инвестиции за домашните и странските компании. Исто така, изрази особено задоволство од активностите на Владата за ратификација на Парискиот договор за климатки промени, како и за определбата на Министерство за животна средина и просторно планирање и Владата да го поддржат градот Скопје во изградба на пречистителна станица. Министерот Шапуриќ пак изрази благодарност до Република Франција за изработката на техничката документација од страна на Р. Ф. за оваа пречистителна станица.

 

На средбата беше констатирано дека покрај добрата соработка помеѓу двете држави во сферите на културата и политиката, сепак, економската спработка е на незадоволително ниво. На ова амбасадорот искажа залагање за преземање на чекори кон поврзување на македонските со француските компани, преку организирање на бизнис форуми, во кои ќе учествуваат македонскиот и францускиот бизнис сектор, и посета на француските фирми во Република Македонија.